Обработливо земјиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Земјоделска површина)
Современото земјоделство користи големи обработливи полиња како ова во Дорсет, Англија.

Обработливо земјиште или обработлива површиназемјоделски поим, кој значи земја која е погодна за одледување на култури на неа. Поединечната одгледувана површина се нарекува нива.

Денес обработливото земјиште исчезнува со стапка од 100.000 км2 годишно, започнувајќи од средниот век во Европа и Азија.

Најплодниот дел од обработливото земјиште се наносите оставени од поплави на реки и од мориња. Во денешно време поплавите не се толкав создател на обработливо земјиште, главно заради потребата од контролата на поплавите потребна за интензивно земјоделство кое ги задоволува потребите на многубројното население во светот.

Реката Нил и денес редовно се поплавува, и со тоа претекува на своите брегови. По поплавата, водите се повлекуваат и оставаат богата и плодна мил. Оваа мил е одлично ѓубриво за полјоделските култури. Дури и ако земјата е преобработена и сите хранливи материи од почвата се исцрпени, земјиштето повторно станува плодно со нов нанос од мил. Заштитните мерки од поплава како речните бедеми и сл. можеби даваат безбедност, но од друга страна предизвикуваат значајни неповолни влијанија на количеството и квалитетот на обработливото земјиште.

Необработливо земјиште[уреди | уреди извор]

Процент на обработливо земјиште по земја

Земјиштето кое е неупотребливо за полјоделски цели обично се одликува со барем една од следниве неодостатоци: нема доток на слатка вода; климата е премногу врела (пустина); климата е премногу студена (Арктик); пределот е премногу каменлив или карпест; пределот е премногу планински; премногу солена почва; премногу врнежи; премногу снегови; презагаденост; или пак неплодност. Облаците исто така го попречуваат сонцето кое им е неопходно на растенијата за фотосинтеза, така намалувајќи ја плодноста. Необработливото земјиште честопати се нарекува „пустелија“.

Меѓутоа необработливото земјиште може да се претвори во обработливо со извесни методи како иригазиони канали, нови бунари, аквадукти, станици за отсолување, засадување на дрвја за сенка во пустината, хидропоници, ѓубрива, азотни ѓубрива, пестициди, водопреработувачи со обратна осмоза, употреба на ПЕТ филм, изолација, копање на ровови и ридови за заштита од ветер, и стаклени градини со внатрешно осветлување и затоплување за заштита од надворешниот студ и давање на светлина при тмурно време. Овие методи обично се многу скапи.

Примери за претворање на неплодно необработливо земјиште во плодно и обработливо:

  • Арански Острови: Тука земјиштето било непогодно за полјоделска активност бидејќи било премногу каменливо. Луѓето го покриле со тенок слој од алги и песок од океанот. Со ова земјиштето станало обработливо и денес на него растат прехранбени култури.
  • Израел: Земјиштето во Израел било главно пустинско, сѐ до изградбата на станици за отсолување долж крајбрежјето. Со отстранувањето на солта од морската вода се добил извор на вода за земјоделски активности, пиење и миење.
  • Сечно-пожарното земјоделство ги користи хранливите материи од дрвениот пепел, но тие исчезнуваат за неколку години.
  • Тера прета, создавање на плодни тропски почви со додавање на дрвен јаглен.

Примери за претворање на плодно обработливо земјиште во неплодно:

  • Сурови и долготрајни суши, при што обработливото земјиште станува пустина.
  • Секоја година исчезнува обработливо земјиште заради ерозија од човековите стопански активности. Грешното наводнување на земјоделски површини доведува до повлекување на натриумот, калциумот и магнезиумот од почвата кој испливува на површина. Ова доведува до постепена концентрација на сол кај корењата, и така намалувајќи ја продуктивноста.
  • Ексурбанизација: Во САД, во периодот од 1992-2002 г. било урбанизирано 8,900 км2 земјиште.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]