Грагор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чакал)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грагор. Најголемото зрно на сликата е со големина од околу 4 см.

Грагор[1][2] или чакал[3][4] - седиментна карпа која се состои од неврзани зрна со одредена големина. Во геологијата, чакал е секоја растресита карпа со заоблени зрна што се поголеми од 2 и помали од 75 милиметри.

Чакалот е најкористениот материјал во градежништвото. Во зависност од апликацијата, постојат потреби за употреба на чакал чии зрна припаѓаат на одреден опсег на големини. Таков чакал се добива со просејување, односно сепарација.

На овој начин, чакалот со процесот на раздвојување се делив во групи наречени сепарации.

Сепарација на песок и чакал во Германија

Во Македонија, чакалот обично се добива со ископ на материјал од речните брегови. По миењето, таквиот чакал неформално се нарекува „природен чакал“, со чија сепарација се добиваат следниве групи:

  • Сепарација 1: (песок) 0 до 4
  • Сепарација 2: 4 до 8
  • Сепарација 3: 8 до 16
  • Сепарација 4:16 до 32 и
  • Сепарација 5: дијаметар над 32.

Со сепарација на кубен метар природен чакал, зафатнината на производот е поголем од кубен метар. Просечната специфична маса на природен чакал е ρ = 1800 kg/m³, додека специфичните маси на сепарациите се како што следува:

  • Сепарација 1: 1450 kg/m³
  • Сепрација 2: 1520 kg/m³
  • Сепарација 3: 1550 kg/m³
  • Сепарација 4: 1550 kg/m³
  • Сепарација 5: 1500 kg/m³.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука

Надворешни врски[уреди | уреди извор]