Суровичево (општина)
Општина Суровичево Δήμος Αμυνταίου | |
---|---|
Пателе со Островското Езеро
| |
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Лерин |
Гео. област: | Сариѓол |
Население: | 18.975 (2001) |
Седиште: | Суровичево |
Нас. места: | 29 |
Пошт. бр.: | 532 00 |
Пов. бр.: | 23860-2 |
Портал: | amyntaio.gr |
Суровичево (грчки: Δήμος Αμυνταίου, Димос Аминдеу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Суровичево (Аминдео). Општината ги опфаќа селата во најсеверниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) околу Петерското и подрачјето на запад од Островското Езеро. Според традиционалното сметање, општината опфаќа дел од Леринско, помал дел од Кајларско и едно село од Костурско.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Суровичево е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на шест стари општини: Суровичево, Ајтос и Чалџиево и општинските целини Мокрени, Лехово и Невеска.[1]
Општинска единица Ајтос[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г. општината Ајтос (Δήμος Αετού) со седиште во Ајтос (Аетос) има 3.727 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

- Општински оддел Ајтос
- село Ајтос (Αετός, Аетос) (857 жители)
- Општински оддел Горицко
- село Горицко (Αγραπιδιές, Аграпидиес) (250 жители)
- Општински оддел Долно Неволјани
- село Долно Неволјани (Βαλτόνερα, Валтонера) (312 жители)
- Општински оддел Зелениче
- село Зелениче (Σκλήθρο, Склитро) (609 жители)
- Општински оддел Љубетино
- Општински оддел Рудник
- село Рудник (Ανάργυροι, Анаргири) (498 жители)
- Општински оддел Свети Тодор
- село Свети Тодор (Черкезќој; Λιμνοχώρι, Лимнохори) (323 жители)
- Општински оддел Сребрено (416 жители)
- село Сребрено (или Сребрени; Ασπρόγεια, Аспрогија) (375 жители)
На територијата на општинската единица е и напуштеното Ново Село (Άνω и Κάτω Νέα Κόμη, Ано и Като Неја Коми).
Општинска единица Лехово[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г. општината (Κοινότητα Λεχόβου) има 1227 жители и има само едно населено место — селото Лехово (Λέχοβο).
Кон територијата на општинската единица Лехово е присоединет и атарот на некогашното село Врапчин (Χειμαδιό, Химадио), срушено во 1980 г.
Општинска единица Мокрени[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г. општината Мокрени (Κοινότητα Βαρικού) има 698 жители и има само едно населено место — селото Мокрени (Βαρικό, Варико). Ова е единственото костурско село во општината.
Општинска единица Невеска[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г. општината Невеска (Κοινότητα Νυμφαίου) има 413 жители и има само едно населено место — селото Невеска (Νυμφαίο, Нимфео).
Општинска единица Суровичево[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г. оппштината Суровичево има 8.378 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Суровичево (4.407 жители)
- град Суровичево (Αμύνταιο, Аминдео) (3.636 жители)
- населба Аналипси (Ανάληψη) (629 жители) новосоздадено
- село Сотир (Σωτήρας, Сотирас) (142 жители)
- Општински оддел Долно Врбени
- село Долно Врбени (само Врбени или Екши Су; Ξινό Νερό, Ксино Неро) (1.229 жители)
- Општински оддел Горничево
- село Горничево (Κέλλη, Кели) (805 жители)
- Општински оддел Гулинци
- село Гулинци (Ροδώνας, Родонас) (107 жители)
- Општински оддел Петерско
- село Петерско (Πέτρες, Петрес) (444 жители)
- Општински оддел Пателе
- село Пателе (Άγιος Παντελεήμονας, Агиос Пантелејмонас) (1.110 жители)
- Општински оддел Спанци
- село Спанци (Φανός, Фанос) (137 жители)
- Општински оддел Церово
- село Церово (Κλειδί, Клиди) (139 жители)
Општинска единица Чалџиево[уреди | уреди извор]
До 20-те години на XX век селата имале исклучиво турско население, кое по Лозанскиот договор е иселено во Турција, а на негово место доаѓаат понтиски Грци. Според пописот од 2001 г. општината Чалџиево (Δήμος Φιλώτα) со седиште во Чалџиево (Филотас) има 4.532 жители и ги опфаќа следниве општински оддели населени места:
- Општински оддел Чалџиево
- село Чалџиево (Чалџилар; Φιλώτας, Филотас ) (1.821 жител)
- Општински оддел Елевиш
- село Елевиш (Λακκιά/Λεβαία, Лакија/Левеја) (826 жители)
- Општински оддел Коларица
- село Коларица (Μανιάκι, Мањаки) (526 жители)
- Општински оддел Ќоселер
- село Ќоселер (Αντίγονος, Антигонос) (372 жители)
- Општински оддел Муралар
- село Муралар (или Моралар; Πελαργός, Пеларгос) (345 жители)
- Општински оддел Нови Град
- село Нови Град (Βέγορα, Вегора) (479 жители)
- Општински оддел Уклемеш
- село Уклемеш (или Келемез; Φαράγγι, Фаранги) (163 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
|
|