Долно Неволјани
Долно Неволјани (грчки: Βαλτόνερα) — село во Општина Суровичево во Леринскиот округ, Егејска Македонија (денес во Грција).
Име[уреди | уреди извор]
Со наредбата од 19 јули 1928 г. во грчкиот владин весник бр. 156 од 8 август, 1928 селото Долно Неволјани е преименувано во Валтонера. Селото се наоѓа западно од Суровичево, во непосредна близина на некогашното Рудничкото Блато. Долно Неволјани лежи на 600 м.н.в. и има атар од 26 km².
Демографија[уреди | уреди извор]
Етнички состав[уреди | уреди извор]
Во постаро време Долно Неволјани било населено само со Македонци, кои делумно и постепено биле истиснати од муслиманско население. По сила на Лозанската Конференција, Турците се иселиле и на нивно место биле доселени семејства од Кавказ и Епир, односно Власи бегалци.
Број на население[уреди | уреди извор]
Во селото низ текот на годините се зголемувал бројот на населението и тоа:
- 1913 - 204 жители
- 1920 - 171 жител
- 1924 - 219 жители
- 1940 - 384 жители
- 1951 - 353 жители
- 1961 - 365 жители
- 1971 - 319 жители
- 1981 - 358 жители
- 1991 - 357 жители
|