Елевиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елевиш
Λεβαία
Елевиш is located in Грција
Елевиш
Елевиш
Местоположба во областа
Елевиш is located in Суровичево (општина)
Елевиш
Местоположба на Елевиш во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°38.43′N 21°42.11′E / 40.64050° N; 21.70183° E / 40.64050; 21.70183Координати: 40°38.43′N 21°42.11′E / 40.64050° N; 21.70183° E / 40.64050; 21.70183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЧалџиево
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно919
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Елевиш или Елеово (грчки: Λεβαία, Левеја; до 1926 г. Έλλεβη, Елеви[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 919 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во котлината Сариѓол, 2 км северно од Чалџиево и 6 км југоисточно од Суровичево.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Ооманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 Елевиш (Elevich) е село во Џумалиската каза со 20 домаќинства и 48 жители Македонци,[4][5] што најверојатно е погрешно.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Елевиш:

Оттука [Чалџиево] на половина час на запад над езерото, исто така по Ларискиот пат, е сместено селото Елевеш со 150 муслимански куќи. Данокот на ова село е 17.900 пијастри.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Елевиш имал 700 жители Турци.[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 779 жители, кои во 1920 г. нараснале на 986.[3] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле грчки колонисти, претежно од Понд, Тракија и Мала Азија.[8]

Во 1926 г. е преименувано во Лакија, а потоа во Левеја.[9][8] Во 1928 г. Елевиш е заведено како наполно дојденско село со 973 жители од 232 семејства.[10] Во 1940 г. нивниот број се намалил на 883 поради преселувања во други села.[3] Во 1960-тите и 1970-тите имало уште иселувања од селото, поради што населението дополнително се намалило, за да се поврати на 1.022 лица во 1991 г.[3] Во следните десетлетија е забележано уште едно опаѓање и повторен повраток на бројот на жители.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 883 1.048 1.205 959 887 1.022 826 919
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се одгледува жито, леќа, и грозје, а делумно е застапено и говедарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έλλεβη -- Λακκιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 152–153.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.
  6. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.152.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
  8. 8,0 8,1 Λιθοξόου, Δημήτρης. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας
  9. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928