Љубетино
Љубетино Πεδινό | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°39.35′N 21°35.19′E / 40.65583°N 21.58650°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Ајтос |
Надм. вис. | 620 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 387 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Љубетино (грчки: Πεδινό, Педино; до 1926 г. Λιουμπέτινο, Љубетино[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 387 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа недалеку од патот од Суровичево за Костур на дваесетина километри југоисточно од Лерин.[3] Според записите на Ѓорче Петров селото Љубетино се наоѓа приближно на југ од Лерин на 4 часа растојание, расположено на едно рамно место на јужната страна на истата падина на којашто е Ајтос[4]. Тоа граничи со езерата Врапчанско и Зазерско на југ, со Горно Врбени и патот за Кајлари на југоисток и исток, со Ајтос, Невеска и Зелениче на запад[4].
Историја
[уреди | уреди извор]Селото Љубетино се среќава во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото запишано како Л’бот’н е запишано дека вкупно имало 45 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 61 товар, јачмен и друго до 54 товари, бостан, обработувале лозја и чувлае свињи за што селото остварувало свкупен приход од 9266 акчиња[5]. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото Љубетино имало 55 куќи со 260 жители Македонци[4].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Љубетино се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[6]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото иако лежи во поле, не е богато, а главни производи се жито, детелина и тутун[3]. Населението делумно се занимава и со овоштарство и сточарство[3].
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 367 | 264 | 338 | 354 | 462 | 554 | 426 | 387 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Алексо Лепишков (? – 1905) — револуционер, селски војвода од ВМРО
- Васил Липитков (1862 – 1928) — револуционер, војвода од ВМРО
- Доне Липитков (1875 – 1905) — револуционер, војвода од ВМРО
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιουμπέτινον -- Πεδινόν
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 161.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 463. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 382.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|