Чалџиево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чалџиево
Φιλώτας
Чалџиево is located in Грција
Чалџиево
Чалџиево
Местоположба во областа
Чалџиево is located in Суровичево (општина)
Чалџиево
Местоположба на Чалџиево во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°37.31′N 21°42.31′E / 40.62183° N; 21.70517° E / 40.62183; 21.70517Координати: 40°37.31′N 21°42.31′E / 40.62183° N; 21.70517° E / 40.62183; 21.70517
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЧалџиево
Надм. вис.&10000000000000570000000570 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.772
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.53070
Повик. бр.2463

Чалџиево или Чалџилари (грчки: Φιλώτας, Филотас; до 1926 г. Τσαλτζιλάρ, Цалѕилар[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.772 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км јужно од Суровичево и 40 км југоисточно од Лерин. Пред повлекувањето на Островското Езеро, било оддалечено на помалку од 5 км од неговиот брег.

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија и стар век[уреди | уреди извор]

Во подрачјето на Чалџиево се најдени траги од праисториски населби, од кои најстарите се од раниот неолит. Животот на ова место продолжил и во древномакедонскиот и римскиот период. Во други местности околу селото се откриени остатоци од населби од раното и доцното бронзено време, железното време, како и од подоцнежните периоди.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чалџиево (Tchaldjiévo) било село во Џумалиската каза со 20 домаќинства од вкупно 62 жители Македонци.[5][6]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Чалџиево:

Село Ченчилар, кое се состои од 350 муслимански куќи. Данокот им е 32.200 пијастри. Селото е сместено до Островското Езеро. Жителите се занимаваат со земјоделство, сточарство и риболов. Еднаш неделно во вторник е пазар. Низ Ченчилер поминува патот од Битола за Лариса. Селото се смета за втора населба по важност во казата по Лерин.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чалџиево (Чалџилар) имал 1.950 жители Турци.[8]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишан 2.381 жител, а во 1920 г. броело 2.137 лица.[3] Во 1920-тите сето население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од таа земја. Тие дошле од следниве места во Турција:[9]

Во 1926 г. властите го преименувале селото во Филотас.[10] Во 1928 г. Чалџиево било наполно дојденско село со 2.188 жители од 539 семејства.[11]

Во 1940 г. во селото живееле 2.134 лица. Ваквата бројност се задржала до 1960-тите кога доста жители почнале да се селат во Кајлари и другите градови поради изградбата на големите термоелектрани и привлечноста на градскиот живот.[3]

Цркви[уреди | уреди извор]

Чалџиево има три цркви:[4]

  • „Св. Ѓорѓи“
  • „Св. Василиј“
  • „Св. Петка“

Во селото работи и друштвото „Црно Море“.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2.134 2.177 2.154 1.665 1.618 1.939 1.821 1.772
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за доста богато и има развиено земјоделство и сточарство.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαλτζιλάρ -- Φιλώτας
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 179–180.
  4. 4,0 4,1 Δήμος Αμυνταίου, Φιλώτας
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.
  7. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.152.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
  9. Μορφωτικός - Πολιτιστικός Σύλλογος Φιλώτα, Ιστορία
  10. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928