Рудник (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рудник
Ανάργυροι
Рудник is located in Грција
Рудник
Рудник
Местоположба во областа
Рудник is located in Суровичево (општина)
Рудник
Местоположба на Рудник во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°36.9′N 21°36.42′E / 40.6150° СГШ; 21.60700° ИГД / 40.6150; 21.60700Координати: 40°36.9′N 21°36.42′E / 40.6150° СГШ; 21.60700° ИГД / 40.6150; 21.60700
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаАјтос
Надм. вис.&10000000000000656000000656 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно452
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Рудник (грчки: Ανάργυροι, Анаргири; до 1928 г. Ρούδνικ, Рудник[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 452 жители (2011). Пред Балканските војни Македонците во селото сочинувале мнозинство, додека денес тие се една третина од жителите.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, дваесетина километри југозападно од Суровичево и уште толку северозападно од Кајлари. Лежи на источниот брег на Рудничкото Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во османлиските дефтери на христијанското население во Леринскиот вилает од 1626/27 г. се вели дека Рудник се состоел од 68 христијански домаќинства.[4]

Во XIX век Рудник било големо македонско-турско село и седиште на Рудничката нахија во Леринската каза. Поради проширувањето Рудничкото Езеро и заблатувањето на површините околу селото, нахиското седиште е преместено во Суровичево и Рудник постепенно опаднал.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рудник (Roudnik) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства, од кои с 12 жители муслимани и 365 Македонци.[5][6]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Рудник:

На исток [од Чор] се наоѓа селото Родник со 20 муслимански и 30 македонски куќи. Данокот на првите изнесува 1.800 пијастри, а на вторите — 4.200 пијастри и инание-аскерие од 2.080 пијастри.[7][8]

Некаде помеѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рудник имал 160 жители Македонци и 50 жители Турци.[5][10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 160 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[5][11] Во овој период Боривое Милоевиќ го посетил селото и попишал 14 македонски и 7 турски куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 133.[3] Во 1924 г. властите ги иселиле малубројните турски семејства во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место довеле поголем број грчки семејства од Северен Епир во Албанија. Во 1928 г. бил македонско-дојденска населба со 341 жител, од кои 214 лица (60 семејства) биле грчки дојденци.[12] Истата година е преименувано во Анаргири, што значи „Бессребреници“.[13]

Во текот на 1960-тите дел од жителите се преселиле во градот Кајлари.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 475 466 510 352 406 461 498 452
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи лежи во полето на Сариѓол, селото е доста богато. Се произведуваат големи количества тутун, детелина и жито.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούδνικ -- Ανάργυροι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 173. 
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
  7. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  8. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.155.
  9. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр.1
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 251.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  13. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 157.