Суровичево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Суровичево
Αμύνταιο
Црквата во центарот на градот.
Црквата во центарот на градот.
Суровичево се наоѓа во Грција
Суровичево
Координати: 40°41′ СГШ 21°41′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Лерин
Површина
 • Општина 599,6 км2
Население (2001)[1]
 • Општ. 18.975
 • Општ. густина Лошо заокружување3.1.646.097.398.266.0/км2
 • Општ. един. 8.378
Заедница
 • Население 4407
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Рег. таб. ΡΑ

Суровичево или Сорович (грчки: Αμύνταιο, Аминдео) — град во Леринскиот округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува административен центар на општината Суровичево.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на 33 километри југоисточно од центарот на префектурата Лерин, во североисточниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на 21 километар северно од Кајлар[2], и на еден километар јужно од Петерското Езеро во подножјето на планината Ниџе. Планините Мала Ниџе и Мала Река го одделуваат градот од Пелагонија. Суровичево е сместено е на надморска височина од 590 метри[3]. Маалото „Аналипси“ во северниот дел од градот се води како одделно село и има 629 жители. Суровичево е расположено на едно песокливо место близу до јужниот крај на Петрското Езеро, нешто на еден час североисток од Екши Су[3]. Тоа е железничка станица на пругата Солун – Битола и е средиште на Рудничката нахија[3]. Поради средишната местоположба на крстосувањето на повеќе патишта, Суровичево е сообраќаен центар на округот, а неговото сообраќајно значење се зголемило по Граѓанската војна со изградбата на кракот кој води за Калјар и Кожани од железничката пруга Солун - Лерин - Битола[2]. Атарот на општината Суровичево зафаќа површина од 25 километри квадратни, од кои еден квадратен километар е под водите на Петерското Езеро[2].

Историja[уреди | уреди извор]

Едни од најстарите пишани податоци за селото Суровичево се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото запишано како Сировичево е забележано дека имало 52 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 42 товари, јачмен до 15 товари, 'рж до 9 товари, просо до 6 товари, граор до 7 товари, зелки, кромид, свила од кожурци, се обработувале лозја, се чувале свињи и имало 2 воденици за што селото остварувало свкупен приход од 5153 акчиња[4]. Според записите на Ѓорче Петров од крајот на XIX век, Суровичево имало околу 120 куќи направени од плитари, од коишто околу 100 куќи биле Македонци – гркомани, десетина биле турски и десетина биле ромски, а имало и една црква [3]. Во статистиките на К'нчов од 1910 Суровичево се споменува со 835 жители од кои 750 Македонци, 35 Турци и 50 Роми, додека Милоевиќ го забележал како село со 150 македонски куќи[2]. Во текот на Првата светска војна, грчките власти во Суровичево населиле претежно влашки бегалски семејства од Битолско и од други области. Поради поволната местоположба и управното значење по Втората светска војна со наредба во 1946, Суровичево се здобило со статус на градска општина[2].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од населението на Суровичево се занимава со земјоделство, но прилично е развиена и трговијата, како и занаетчиството[2]. Кон крајот на XIX век селаните произведувале пченица, ’рж, јачмен, анасон и многу добро вино и ракија. Во тоа време, секој понеделник во Суровичево се одржувал пазар на кој доаѓале не само селаните од околните села, туку и од подалечни села, па дури и од градот Лерин[3].

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година во селото се попишани 1105 жители, додека во 1920 година нивниот број благодарение на доселувањето на бегалски семејства се зголемил на 1514, за во 1928 да порасне на 2148 луѓе од кои 177 бегалски семејства дојдени во Грција по 1922 година и голем број на македонски семејства населени тука од соседните македонски села[2]. Поради поволната местоположба и управното значење по Втората светска војна Суровичево започнува да бележи постојано зголемување на бројот на жителите па така во 1951 имало 3239, во 1961 имало 3861, за да опадне во 1971 на 3699, во 1981 на 3205, а во 1991 се намалило на 2927 жители[2].

години население
1928 2148
1940 2650
1951 3239
1961 3861
1971 3699
1981 3205
1991 2972
2001 3636

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поради поволната местоположба во сообраќајно и админстративно значење, во Суровичево постојат бројни општестевени установи меѓу кои: жандармериска поткоманда со неколку истурени жандармериски станици во околните места, општински суд, пошта, финансиска инспекција, инспекција за основно образование, државна благајна и други инситуции[2].

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Железничката станица во селото во 1894 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Симовски Христов, Тодор (1998) (на македонски). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 176. ISBN 9989-9819-4-9. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 465. ISBN 978-608-245-113-8. 
  4. Соколоски, Методија (1973) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 324-325. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]