Муралар

Координати: 40°36.55′N 21°45.19′E / 40.60917° СГШ; 21.75317° ИГД / 40.60917; 21.75317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Муралар
Πελαργός
Муралар is located in Грција
Муралар
Муралар
Местоположба во областа
Муралар во рамките на Суровичево (општина)
Муралар
Местоположба на Муралар во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°36.55′N 21°45.19′E / 40.60917° СГШ; 21.75317° ИГД / 40.60917; 21.75317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЧалџиево
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно325
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Муралар или Моралар (грчки: Πελαργός, Пеларгос; до 1927 г. Μουραλάρ, Муралар[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 325 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км источно од Чалџиево и 12 км јужно од Суровичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Молари (Molari) е село во Џумалиската каза со 10 домаќинства од 25 жители муслимани.[4]

Во 1889 г. хрватсниот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Муралар:

Село Моролар со 90 муслимански куќи. Данокот им е 11.600 пијастри. Селото е сместено во подножјето на шумовити ридови и лежи на 5 12 часа од Лерин. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моралар имал 250 жители Турци.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 435 жители, кои во 1920 г. нараснале на 510.[3] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле семејства кои зборувале турски христијани од Мала Азија. Во 1927 г. селото е преименувано во Пеларгос.[7] Во 1928 г. Муралар е заведено како дојденско село со 345 дојденски жители од 93 семејства.[8]

Во 1940 г. селото броело 561 жител. Во Втората светска војна населението на Муралар било вооружено од окупаторските сили, а во Граѓанската војна покажало голема верност кон власта и, како противник на Демократското движење, ги пљачкало и тероризирало македонските села во околината.[3]

Населението се намалило во текот на 1960-тите поради иселувања во Кајлари и други градови.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 561 560 582 396 370 345 345 325
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со одгледување на жито и тутун, со овоштарството и делумно со сточарство.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιοσελέρ -- Πελαργός
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.
  5. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.152.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
  7. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.