Сребрено
Сребрено Ασπρόγεια | |
---|---|
Поглед на Сребрено | |
Координати: 40°37.21′N 21°33.24′E / 40.62017° СГШ; 21.55400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Ајтос |
Надм. вис. | 850 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 209 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Сребрено или Сребрени (дијалектно: Стребрено / Стребрени; грчки: Ασπρόγεια, Аспрогија; до 1926 г. Στρέμπενο, Стрембено[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 209 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено 55 км јужно од Лерин во подножјто на планината Вич, на 1 км од главниот пат меѓу Суровичево и Костур. Лежи на границата помеѓу традиционалните краишта Леринско и Костурско.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На почетокот на XX век Сребрено е заведено како чисто македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Сребрени е заведено двапати, еднаш со 125, а вторпат со 200 жители — во обата случаја со 60 домаќинства.[4]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Сребрено:
„ | Село Стрепин, сместено во планинска месност со 40 македонски куќи. Данокот им е 5.100 пиајстри, а инание-аскерие — 2.980 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство. Тука е границата на Костурска каза.[5][6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сребрени имало 560 жители Македонци.[7][8] Сребрено било жртва на особено силна грчка пропаганда. На почетокот на векот целото Сребрено било под врховенството на Цариградската патријаршија и претставувало едно од упориштата на гркоманството во Леринско. Во Сребрено е роден еден од најактивните дејци на грчката вооружена пропаганда Вангел Георгиев, организатор на една од првите андартски чети, составена претежно од негови соселани гркомани, иако самиот првично бил војвода на ВМРО.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сребрено се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[10]
По данни на секретаря на екзархията Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сребрено имало 960 Македонци под патријаршијата и во оселото работело грчко училиште.[7][11] По 1908 г. и прекинот на гркоманските андартски дејности, 25 македонски семејства од Сребрено прешле под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото се појавила и бугарската пропаганда, која отворила училиште. Три години тука предавал деецот Атанас Шишков од Пателе, кој ги поправил црквата и училишната зграда.[12] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во годините пред Балканските војни селото се состоело од 170 македонски куќи.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]ППо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 693 жители, кои во 1920 г. се смалиле на 586[3], веројатно поради војните. Во 1926 г. селото е преименувано во Аспрогиja.[13] На пописот од 1928 г. населението пораснало на 647 лица.[3] Според грчките власти, во 1932 г. во Сребрено имало 139 македонојазични семејства, од кои 79 биле со изјавена сопствена национална свест.[14] Во 1940 г. во Сребрено се попишани 813 лица.[3]
За време на Втората светска војна Бугарите регрутирале четири чети во паравоената организација „Охрана“. Селто настрадало при борба помеѓу германската војска и грчка паравоена чета, кога селото било запалено.[15] Во 1945 г. властите напишале дека селото имало 909 македонојазични жители, од кои 359 со „негрчка национална свест“, 450 со грчка и 100 со неутврдена свест. Во периодот меѓу двете светски војни имало извесно иселување од Сребрено, и тоа 20 семејства во прекуокеанските земји и неколку во Бугарија.[3]
За време на Граѓанската војна во Р Македонија се иселиле 13 семејства и 60 поединци, а извесен број загинале во борбите.[3] Така, во 1951 г. селото броело 652 жители, кои во 1961 г. биле 662. Бројот на жители почнал да опаѓа во 1960-тите и 1970-тите кога доста жители се иселиле во Канада, САД и Австралија, за во 1981 г. да се сведе на 318 лица.[3]
Селска слава е Преображение Господово на 6 август. На влезот во селото има голема статуа на месниот гркоман Вангел Георгиев, која грчката власт ја поставила во знак на триумф над македонското население.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 813 | 652 | 662 | 550 | 318 | 333 | 375 | 209 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во селото се произведуваат компири, грав и жито, а делумно е развиено и сточарството.[3]
Личности
[уреди | уреди извор]- Аргир Сетов — револуционер од ВМРО
- Вангел Барков (? – 1949) — комунистички деец[16]
- Вангел Георгиев (1876 – 1904) — виден гркомански андартски капетан
- Василка Николова Џоварова (1930 - ?) — членка на ЕПОН од 1944 г., борец на ДАГ[17]
- Георги Икономов — гркомански андарт
- Григор Војнов (Григориос Вайнас, ? – 1970) — гркомански андартски капетан
- Димитар Икономов (? – 1901, Δημήτριος Οικονομίδης) — гркомански андартски деец од I класа, свештеник во селото[18]
- Димитар Николов Киричев (1927 - ?) — учесник во ДАГ (1948 - 1949)[19]
- Димитар Толев — деец на ВМОК, четник на полковник Анастас Јанков („Македонскиот Гарбалди“)
- Илија Николов Киричев (1914 – ?) — член на КПГ, борец на ДАГ (1948 – 1949)[19]
- Пандо Војнов (1924 – 2008) — комунистички деец
- Стефан Начев — гркомански андарт
- Тасе Сребренски — деец на ВМОК, четник на полковникот Анастас Јанков
- Христо Панајотов - Малечкио — гркомански андартски деец
- Ѓорѓи Кирицов (1925 - 2011) — учесник во ДАГ
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Στρέμπενον -- Ασπρόγεια
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 177.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82-83 и 110-111.
- ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.154.
- ↑ 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 44-45.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 134.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Нарекувајќи ја нивната свест „бугарска“ поради грчкото непризнавање на македонскиот идентитет.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
- ↑ Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009[мртва врска]
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 135. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 31 август 2015.
- ↑ Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 165. ISBN 978-960-12-1724-6.
- ↑ 19,0 19,1 Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 206. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 25 август 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|