Вангел Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Vangelis Natsis.jpg
Роден 1876
Сребрени, денес Грција
Починал 12 мај 1904
Ајтос, денес Грција


Вангел Георгиев Начев, наречен Вангел Сребренски, во Грција познат како Вангелис Стрембениотис или Вангелис Георгиу или Вангелис Нацис (Βαγγέλης Στρεμπενιώτης, Γεωργίου или Νάτσης) e андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Вангел Георгиев е роден во 1876 година во леринското село Сребрено (Сребрени), денес Аспрогија, Грција. ГРчкиот костурски митролоплит Карвангелис успеал да го придобие за грчката кауза во Македонија и била формирана првата месна андартска чета од 15 души.

Во јуни 1903 година четата на Георгиев се сретнува со критската чета на Георгиос Перакис и заедно почнале да ги проследуват четите на Македонската револуционерна организација [1].

Вангел Георгиев зедно со турските војски водел борба со четата на војводата Воти Кирчев, кој бил ранет и заробен од аскерот [2].

Во текот на Илинденското востание четата на Вангел составена од 50 души заедно со турскиот аскер несупешно ја заштитувале Клисура од четите на Македонската револуционерна организација [3][4]

На 12 мај 1904 година Вангел Георгиев со својата чета ја напуштиле Битола но во околината на село Ајтос наишле на заседа во која Георгиев бил убиен.

Во 1960 година во Костур е подигнат споменик со ликот на Вангел Георгиев, односно Вангелис Стрембениотис.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр.44-45.
  2. Βαγγέλης Στρεμπενιώτης
  3. Дневник на Киряк Шкуртов, в: „Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр.63.
  4. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр.46.