Ајтос (село)
- За градот Ајтос во Бугарија, видите Ајтос.
Ајтос (село) | |
---|---|
Ајтос (село) на карта | |
Податоци | |
Округ: | Лерин |
Население: | 857 (2001) |
Надм. вис.: | 612 м |
Геог. положба: | 40° 40' 0 СГШ 21° 33' 0 ИГД |
Пошт. бр.: | 530 75 |
Повик. бр.: |
Ајтос или Аетос (грчки: Αετός) — село во Леринско, Егејска Македонија. Тоа е исто така центар на Општина Суровичево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Ајтос е оддалечено 12 км југозападно од Суровичево. Сместено е на надморска височина од 640 метри[1]. Атарот опфаќа 16 км2и се наоѓа во полето, а веднаш над него се издига планината Радож, која е разгранок на Вичо планина. Според записите на Ѓорче Петров селото Ајтос се наоѓа 4 часа на југ од градот Лерин, и е расположено на јужната падина на разгранокот којшто се испушта од Невешката Планина на исток кон Островското Езеро[2]. Тоа е едно од високите планински села во Леринската каза. Од него се гледа целиот Сариѓол. Граничи со селата Горицко, Невеска и Зелениче на запад, Негован на север, Љубетино на исток[2]. На југ се граничи со Врапчанското и Зазерското Езеро и селата кои се расположени крај нив, имено: Свето Тодори и Инско[2].
Историја[уреди | уреди извор]
Името го добило од некој бег Аеги, кој живеел во соседното село Горицко, а Ајтос бил неговиот чифлик. Селото Ајтос се среќава во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде е запишано дека вкупно имало 59 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 69 товари, јачмен до 16 товари, 'рж до 13 товари, граор до 3 товари, бостан, овошје, лен, просо, леќа, обработувале лозја, чувлае свињи, кожурци и имало оревови дрвја и 10 воденици за што селото остварувало свкупен приход од 6839 акчиња[3]. Ајтос била и сè до денес останала чисто македонска населба[1]. Се претпоставува дека селото е формирано од пребегнати македонски семејства од напуштеното село Бегна (Островско) и други села. На основа на податоци според записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото имало 125 куќи со 690 жители од кои 80 куќи со 440 жители биле македонски – егзархистички, а 45 куќи со 250 жители биле македонски – гркомански.[2]. Во текот на Втората светска војна и во Грчката граѓанска војна селото настрада и даде повеќе жртви. Неколку семејства побараа спас во Jугославија - околу 20 лица, а во источно европските земји околу 40 лица. Подоцна се јавила и миграцијата во прекуокеанските земји.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Основните занимања на населението за земјоделството и сточарството.
Население[уреди | уреди извор]
Селото во 1913 г. имало 830 жители, во 1920 г. - 758, во 1928 г. - 941, во 1940 г. - 1189, во 1951 г. - 1056, во 1961 г. - 1016, во 1971 г. - 823, во 1981 г. - 860 и во 1991 г. имало 819 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1189 | 1056 | 1016 | 823 | 860 | 819 | 857 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1836 г.
- Ајтоски манастир („Св. Архангели“) од 1892 г.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). „Лерински округ (Х/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 139.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 462–463. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 320.
|