Григор Војнов
Григор Војнов | ||
Роден | ? Сребрени, Леринско | |
---|---|---|
Починал | 1970 ? |
Григор Војнов, познат и како Григориос Вајнас (Γρηγόριος Βαϊνάς) e андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Григор Војнов е роден во леринското село Сребрено (Сребрени), денес Аспрогија, Грција. Во 1899 година станал ајдут во четата на Вангел Георгиев.
Од страна на Павлос Мелас бил придобиен на грчка страна, а по смрта на Мелас се нашол во четата на Лакис Пирзас. Подоцна екипирал сопствена чета и со неа дејствувал во Леринско зедно со Стефанос Дукас (Малиос), Константинос Кутас од Месолово и Георгиос Цондос.
Во 1907 година е уапсен по судирот кај Лехово и бил затворен во Битола. Бил ослободен по Младотурската револуција.
Григор Војнов умрел во 1970 година. Неговиот покоп бил удостоен со државни и воени почести [1][2].