Лехово (Леринско)
Лехово Λέχοβο | |
---|---|
Поглед на Лехово | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°35.4′N 21°29.32′E / 40.5900° СГШ; 21.48867° ИГДКоординати: 40°35.4′N 21°29.32′E / 40.5900° СГШ; 21.48867° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Лехово |
Надм. вис. | 900 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.115 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Лехово или Елеово (грчки: Λέχοβο, Лехово; 1955-1956 г. Ηρωϊκό, Ироико[2][3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.115 жители (2011), од кои мнозинството се Албанци (Арванити).[4]
Географија[уреди | уреди извор]
Селото е сместено 60 км јужно од Лерин, на главнииот пат од Суровичево за Костур. Лежи во подножјето на Врбишка Планина, која е јужен дел на Вич (Вици). Во неговиот атар денес е и земјиштето на селото Врапчин, напуштено во 1980 г.
Историја[уреди | уреди извор]
Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]
Како што може да се види до неговото име, селото првично било македонско. Во XIX век претрпело демографска промена кога во него се населиле Албанци христијани (Тоски) и малку влашки семејства од Епир. Преселбата се случила поради неподносливите услови за живот на епирските разбојничките банди, во истиот бран кога нивните сонародници ги населиле и другите лерински села Бел Камен, Негован и Елово. Во 1868 г. во селото е изградена црквата „Св. Димитриј“, која денес е споменик на културата.[5] На крајот на векот Лехово станало голема паланка со албанско и влашко население, кое било со прогрчка настроеност. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника се вели дека во 1873 г. Елеово (Eléovo) имало 300 домаќинства и 900 жители Албанци.[6]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Лехово:
„ | Спроти Клисура, во друг дел на планината Мурик, на растојание од 4 1⁄2 часа е сместено арнаутското гратче Лахово со 130 куќи, от кои има и некои влашки. Освен месните селски расходи, данокот им достига 9.800 пијастри. Жителите претежно се занаетчии (дрводелци) и земјоделци. Повеќето од нив, како и клисурци, одат на печалба по разни места и работат како дрводелци, овчари и друго. Почвата е неплодна, страда од суши и воопшто, како планинска е непогодна за земјоделство. Во селото има две цркви со двајца свештеници и едно училиште чиј учител е свештеник.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) 1900 г. Елеово (Елехово) имало 750 жители Арнаути и 90 жители Власи.[8] Според грчки податоци, во селото живееле 2.500 албанојазични лица со грчка национална свест.
Речиси целото население ѝ било верно на Цариградската патријаршија. Гратчето било упориште на грчките и гркоманските андарти кои војувале со македонските чети на ВМРО.[9] За време на Илиденското востание селото е запалено од турски единици.[10]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елеово имало 90 Власи и 750 Албанци, и во него работело влашко училиште.[11] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Лехово имало 380 албански куќи, испуштајќи ги влашките.[4]
Во Грција[уреди | уреди извор]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.691 жител.[4] Во 1920 г. тие се намалиле на 1.172 лица, а во 1928 г. селото имало 1.292 жители.[4]
Во 1940 г. во Лехово е забележан пораст на 1.477 жители.[4] Во Втората светска војна селото настрадало во борбите меѓу германски единици и грчка паравоена чета, кога било запалено.[12] Бидејќи не настрадало значајно во Граѓанската војна, во 1951 г. тука живееле 1.195 лица.[4] Во 1955 г. грчките власти го смениле македонското име на селото во Ироико, што значи „јуначко“. Поради силното противење на населението, следната година му е вратено името Лехово. Во 1998 г. Лехово е прогласено за село-херој. Бројот на населението е устојчив, иако уште одамна постои традиција на иселување во внатрешноста на Грција, како и одење во прекуокеанските земји.[4]
Според истражување от 1993 г. селото е албанско (арванитско) и во него албанскиот јазик (тоскиско наречје) е зачуван на средно ниво, а влашкиот на ниско.[13]
Население[уреди | уреди извор]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.477 | 1.195 | 1.177 | 1.205 | 1.194 | 1.329 | 1.227 | 1.115 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Димитриј“ од 1868 г.
- Црква „Св. Петка“ од 1946 г.
- Црква „Св. Мина“
- Етнографски музеј
Стопанство[уреди | уреди извор]
Главно занимање на жителите е ѕидарството, а во помала мера се застапени земјоделството, сточарството и шумарството.[4]
Галерија[уреди | уреди извор]
Споменик на андартите од селото
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ηρωϊκόν -- Λέχοβον
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ηρωϊκόν -- Λέχοβον
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 160–161.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/51769/1231/26-1-1987 - ΦΕΚ 281/Β/9-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 10 мај 2015.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 110-111.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.144-145.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 45.
- ↑ „Автономија“, бр. 43, наведено во: Тзавела, Христофор „Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев“, София, 2003, стр.23.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Иноформацијата може да се однесува на селото Елово.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Лехово (Леринско)“ на Ризницата ? |
- Официјален портал на Лехово Архивирано на 16 септември 2009 г. (грчки)
- Страница за Лехово Архивирано на 24 мај 2007 г. (грчки)
- Фолклорен музеј на Лехово Архивирано на 4 март 2016 г. (англиски)
|