Пателе

Координати: 40°43′N 21°44′E / 40.717° СГШ; 21.733° ИГД / 40.717; 21.733
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пателе
Άγιος Παντελεήμονας
Куќи во Пателе со поглед на Островското Езеро
Куќи во Пателе со поглед на Островското Езеро
Пателе is located in Грција
Пателе
Пателе
Координати: 40°43′N 21°44′E / 40.717° СГШ; 21.733° ИГД / 40.717; 21.733
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаСуровичево
Надм. вис.&10000000000000489000000489 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно984
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Црквата Света Петка во 1935 година. Уништена во 1970-тите, во времето на хунтата, со решение на леринскиот митрополит Августин Кандиотис

Пателе (грчки: Άγιος Παντελεήμονας, Агиос Пантелејмонас, до 1926 г. Πάτελι, Патели или Πάτελε, Пателе[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општина Суровичево, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 39 км југоисточно од Лерин и на 6 км од Суровичево, на западниот брег на Островско Езеро. Сместено е на самиот југозападен брег на Островското Езеро крај железничката линија од Солун за Лерин и Битола по која е оддалечено 155 километри од Солун[3]. Селото Пателе е расположено на надморска височина од 550 метри и порано било седиште на самостојна општина во Леринската околија, која опфаќала површина од 54 килокилометри квадратни од кои 21 се под езерските води[3]. Според записите на Ѓорче Петров, еден час на североисток од Суровичево до брегот на Островското Езеро е расположено големото село – П’теле[4]. Околината на селото е каменлива и без дрвја и шуми[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија, антика и средновековие[уреди | уреди извор]

Древномакедонски наоди од Петерско и Пателе. Археолошки музеј, Лерин.

Археолошките ископувања почнати во 1897 г. од стручњаци од Рускиот археолошки институт во Цариград под раководство на Фјодор Успенски и Павел Миљуков, откриле голема населба од железното време (халштатско) со голема некропола меѓу Петерското и Островското Езеро. Подоцна грчки археолози откриле и неолитска населба. Случајните наоди на површината говорат за присуството на други археолошки објекти во околината на Пателе — во месноста Росици се откриени траги од раното бакарно време, а на карпестиот рид Мечкина Дупка на 500 м североисточно од селото има траги од населба од раното железно време.[5][6]

Во 1962[7] и 1966 г. некрополата од раното железно време,[8] а во 1984 г. дел од ридот на кој бил древномакедонскиот град, се прогласени за споменици на културата.[9]

На патот за с. Горничево на планината Мала Ниџе има остатоци од античка тврдина, дел од одбранбениот појас на македонската држава. Тврдината играла важна улога во средновековието. Според Васил Златарски, ова бил градот Петриск споменат од Јован Скилица, по кој е наречено блиското селото Петерско, и во кој Јован Владислав го убил царот Гаврил Радомир и завладеал со македонската држава.[10]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Едни од најстарите пишани податоци за денешното село Пателе се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото Пателе е запишано дека било хас на султанот и имало 43 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 70 товари, јачмен до 73 товари, и имало далјани - ловиште на риби за што селото остварувало свкупен приход од 3215 акчиња[11] Според записите на Ѓорче Петров од крајот на XIX век, селото П'теле имало околу 300 куќи Македонци, од кои околу 20 ја признавале Грчката патријаршија[4]. Најпрвин егзархиско училиште во селото се отворило околу 1872/74 година, но после кратко постоење било затворено, а столовите испотрошени. Потоа околу 1880-тите, односно 13-14 години пред посетата на Ѓорче Петров, селаните се откажале од Грчката патријаршија. Во П'теле имало две училишта – егзархиско со 4 одделенија и 2 учители и гркоманско со еден учител[4]. Во една од црквите („Св. Атанасиј“) оделе Македонците - гркомани, а во другата („Св. Петка“) Македонците – егзархисти[4].

Во Грција[уреди | уреди извор]

Меѓу двете светски војни многумина се иселиле во странство, а по Граѓанската војна во Грција во која селото не настрадало многу, 76 семејства и 29 поединци побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји[3].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни занимања на селаните се земјоделството, лозарството и риболовот, а делумно е развиено и сточарството[3]. Во однос на стопанството на крајот на XIX век, селаните ја обработувале земјата и произведувале пченица, ‘рж, јачмен, пченка и добро вино и ракија[4]. Во селото имало и две мелници — една ветерница и друга на пареа[4].

Земјиштен спор со Нови Град[уреди | уреди извор]

На крајот од 1980-тите жителите на Пателе се впуштиле во земјиштен спор со жителите на соседното село Нови Град, чие население било заменето со грчки доселеници. Двете страни полагале сопственост врз 310 хектари новопојавено земјиште кое се ослободило со повлекувањето на Островското Езеро. Грчките жители на Нови Град веќе го сееле и орале земјиштето, додека пак оние на Пателе останале без разрешница. Кога во 1992 г. жителите на Пателе се обратиле кон управникот на Леринскиот округ, Пападопулос, за образложение зошто не им се дава земјата која им припаѓа, Пападопулос им одговорил:

Зошто тие се Понтијци, а вие сте Циганоскопјани.[12]

Население[уреди | уреди извор]

Селото Пателе отсекогаш било населено со Македонци и во тој поглед нема претрпено никакви етнички промени. Во пописот од 1913 година во селото се попишани 1791 жител, додека во 1920 година нивниот број се намалил на 1418, за во 1928 да порасне на 1501 жител[3]. По Граѓанската војна и иселувањата бројот на жителите се движел од 1747 во 1940, на 1498 во 1951 и 1497 во 1961, за да опадне во 1971 на 161 поради зголеменото иселување во прекуокеанските земји, па 1068 во 1981, а во 1991 се намалило на 1003 жители со тенденција за натамошно опаѓање поради иселување[3].

Година Население
1928 1501
1940 1747
1951 1498
1961 1497
1971 1161
1981 1068
1991 1003
2001 1110
2011 984

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во Пателе е сместена жандармериска станица која врши надзор и врз други околни села[3].

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Старата ветерница во селото
Цркви
Манастири
Споменици на архитектурата

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Меѓу двете светски војни многумина се иселиле во странство и тоа 43 семејства во Бугарија, 9 семејства во Цариград, а другите во прекуокеанските земји, додека по Граѓанската војна во Грција 76 семејства и 29 поединци побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји[3].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πάτελι -- Άγιος Παντελεήμων
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 168–169. ISBN 9989-9819-4-9.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 465. ISBN 978-608-245-113-8.
  5. Kathimerini. „Forgotten necropolis. An unknown lakeside civilization reveals its hidden treasures“, 3 февруари 2007., Архивирано од изворникот на 7 јули 2007, Посетено на 12 март 2008
  6. Δήμος Αμυνταίου. Δημοτικό Διαμερίσμα Αγίου Παντελεήμονα, Архивирано од изворникот на 5 април 2007, Посетено на 2007-03-09
  7. „ΥΑ 15794/19-12-1961 - ΦΕΚ 35/Β/2-2-1962“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-07-20. Посетено на 20 јули 2020.
  8. „ΥΑ 2258/4-2-1966 - ΦΕΚ 175/Β/26-3-1966“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-04-10. Посетено на 20 јули 2020.
  9. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ17/26735/878/24-5-1984 - ΦΕΚ 484/Β/23-7-1984“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-08-16. Посетено на 20 јули 2020.
  10. Васил Златарски. „История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852 – 1018)“, стр. 712.
  11. Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 306.
  12. "Άγιος Παντελεήμων - Βεγόρα. Η ιστορία δύο χωριών". Ελευθεροτυπία, 15 март 1998 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]