Сотир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сотир
Сотир is located in Грција
Сотир
Сотир (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Надморска височина 595m
Географска широчина 40°40‘45“
Географска должина 21°39‘90“


Сотир е леринско село во Егејска Македонија, Република Грција.


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Сотир или Сотер е населба на Општина или Демот Аминдео на македонски Соровичево, Западна Македонија, Република Грција. Се наоѓа на надморска висина од 595м. Сместено е на околу 2км од градчето Соровичево во непосредна близина на термоелектраната Аминдео. Селото е со одлична местоположба во околината поради близината на крстосницата на магистралните патишта Аминдео-Касториа Соровичево-Костур од една страна и Птолемаида-Флорина Кајлари-Лерин од друга страна. Атарот на Сотир е сместен во низинскиот дел на Сариѓолската рамнина. На оддалеченост од 5,5км од Сотир се наоѓа и населбата Ксино Неро или Долно Врбени познато по изворите на кисела вода.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Сотир е старо село кое се спомнува уште во 15век во Турките документи со над 95 семејства како тимар на Мустафа син на Акдем и Муса син на Иљаз.

Економија[уреди | уреди извор]

Со оглед на околината наоѓајќи се во низинскиот дел жителите одсекогаш се занимавале со земјоделство. Во поново време од 1987 година навака еден дел од населението директно или индиректно работи во Термоелектраната Аминдео што е на само 12км близина.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според повеќето автори кои го имаат споменато селото Сотир, неговото население во големо мнозинство го сочинувале муслимани претежно Турци, но и голем број на циганско население Роми. Понекои автори како 1886 наведуваат и христијанско (македонско) население но во мал број. Во 1924 година со „доброволната“ размена на население муслиманските жители со вкупно 37 семејства и 327 лица, се селат во Турција. На нивно место се населени 48 фамилии, христијански бегалци, од кои 26 семејства од Кавказ, 18 семејства од Источна Тракија и 4 семејства од насекаде низ Мала Азија со вкупно 151 жители-маџири.

година извор жители
1886 Schinas 571
1900 Кънчов 340
1910 Χαλκιόπουλος 294
1913 Απαρίθμηση 1913 305
1920 Census 1920 327
1928 Census 1928 137
1940 Census 1940 248
1951 Census 1951 186
1961 Census 1961 162
1971 Census 1971 153
1981 Census 1981 199
1991 Census 1991 141
2001 Census 2001 142

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]