Кајлари

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кајлар)
Прејди на: содржини, барај
Кајлари
Πτολεμαΐδα
Поглед.
Поглед.
Амблем на Кајлари
Амблем
Кајлари се наоѓа во Грција
Кајлари
Координати: 40°31′ СГШ 21°41′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Површина
 • Вкупна 217,901 км2
Население (2001)[1]
 • Вкупно 35.539
 • Густина Лошо заокружување0.16.309.700.276.731.00/км2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 502 00
Повик. бр. 24630
Рег. таб. KZ
Мреж. место www.ptolemaida.gr


Кајлари или Кајлар (грчки: Πτολεμαΐδα, Птолемаида) — град во Егејска Македонија. Денес има 37.289 жители и се наоѓа помеѓу окрузите Лерин, Кожани и Меглен во Западна Македонија. Градот е голем индустриски и стопански центар на Грција и произведува над 70% од грчката електрична струја.

Име[уреди | уреди извор]

Грчката верзија на името потекнува од од Птоломеј Лаг, првиот генерал на Александар Македонски. Многу Македонци живеат тука и во околниот крај.[2][3]

Култура[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб на Кајлар се нарекува Еордаикос (грчки: Εορδαϊκός). Друг тим е ФК Птолемаидас. Градот има училишта, градинки, гимназии, цркви, банки, пошта, железничка станица (Кожани - Лерин), полициска станица, кула на вода, и плоштади. Постои потенцијал во блиска иднида во градот да се отвори универзитет. Музејот на антропологија и фолклор е со седиште во градот.

Економија[уреди | уреди извор]

Ова е високоразвиен индустриски центар. Четирите електрани во оваа област произведуваат 70% од електричната енергија во Грција, со користење на големи локални депозити на лигнит како гориво. Електраните се во сопственост на Електростопанство на Грција (ДЕИ), главниот работодавач во градот. Фабриката е посветена на премиер на Грција во тоа време, Константин Караманлис. Другите две се во Суровичево во Леринско и во Топчилар.

Етнички состав на населението[уреди | уреди извор]

Значителен дел од жителите на Кајлари денес се Грци доселени од Мала Азија или нивни потомци. Овие беа бегалци кои први пристигнале во Егејска Македонија во текот на 1920-тите години, како резултат на размената на населението според Договорот од Лозана. Има и значителен број на Македонци, особено во соседните села.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]