Прејди на содржината

Трепишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трепишта
Άγιος Χριστόφορος
Трепишта is located in Грција
Трепишта
Трепишта
Местоположба во областа
Трепишта во рамките на Еордеја (општина)
Трепишта
Местоположба на Трепишта во Кожаниот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°30.53′N 21°45.23′E / 40.50883°N 21.75383°E / 40.50883; 21.75383
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаЕордеја
Општ. единицаСвета Петка
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2021)[1]
  Вкупно434
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Трепишта или Требишта (грчки: Άγιος Χριστόφορος, Агиос Христофорос; до 1927 г. Τρέπιστα, Треписта,[2] турски: Terepişte) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ, Грција. Населението се состои од една третина староседелски Македонци и две третини грчки доселеници од Мала Азија.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на надморска височина од 670 м, на 4 км источно од Кајлари. Лежи во подножјето на планината Каракамен.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Средновековие

[уреди | уреди извор]

Во средниот век на местото на Трепишта имало голем град со околу 10.000 жители и 22 цркви. Го носело името Пречиста, а византиската управа го водела по грчки како Панагија.[5] Во IX и X век градот наизменично преоѓал од словенска во грчка (византиска) управа и обратно.

Градот е срушен од турска војска на крајот од XIV век. Според легендата, за време на османлиското освојување една икона на Богородица во црквата на манастирот „Св. Христофор“ почнала да плаче и солзите оставиле траги по камениот ѕид. Таа плоча долго време е предмет на поклонение во Трепишта.

Во Османлиското Царство

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Трепишта било мешано македонско-турско село, чии турски жители биле преселници од Конија. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Трепишта:

На половина час на исток одовде [Инско] се наоѓа мешаното село Трепишта со 35 муслимански куќи и 81 нуфузи. Христијанските [македонски] куќи се 13 на број, семејните двојки 19, а нуфузите 31. Данокот е 5.600 пјастри, а инание-аскерие — 930 пиастри. Селото е сместено на рамно место меѓу два неголеми рида, недалеку од река која дотекува од падините планината Караташ. Во селото има многу мелници, 1 џамија и 1 црква.[6]

Во 1893 г. Атанас Шопов го посетил селото и го забележал како македонско.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трепишта имало 280 жители Македонци[7] и 250 жители Турци.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дребена е претставено како чисто македонско во Кајларската Каза на Сефичкиот Санџак со 30 куќи.[7][10]

Според статистиката од 1904 г. Трепишта (Τρέπιστα) имало 100 христијани[11] и 300 Турци.[12]

Во 1902 г. селото прешло под црховенството на Бугарската егзархија, но по два месеца под притисок на грчките чети, селото се вратило под Патријаршијата.[13] Подоцна бугарската пропаганда зела поголем замав и селото одново останало егзархиско, по податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото има 256 Македонци егзархисти и во него работело бугарско училиште.[7][14]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

Во 1913 г. селото е припоено од Грција согласно Букурешкиот договор. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека околу Првата светска војна Трепишта имало 40 македонски и 60 турски куќи.[15] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а во селото се доведени Грци од Понт во Мала Азија, Турција. Така, во 1928 г. селото забележано како мешано македонско-грчко село, од кои 467 (107 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот месни Македонци.[16] Во 1927 г. Трепишта е преименувано во Агиос Христофорос (во прев. Свети Христофор).[17] Во документ на грчката училишна управа од 1 декември 1941 г. се вели дека во Трепишта живеат 60 македонојазични семејства[18] и 100 дојденски од Понт.[19] Според Тодор Симовски, соодносот меѓу мештаните и дојденците бил 1 на 3.[3]

Месности во Трепишта преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
ИмеГрчкиНово имеГрчкиОпис
Баглар Тепе[20]Μπαγλάρ ΤεπέПалиамбелаΠαληάμπελα[21]возвишение на Ј од Трепишта[20]
Копалца[22]ΚοπάλτσαКсиропотамосΞηροπόταμος[21]река на С од Трепишта[22]
Карлупово[22]ΚαρλούποβοАнатолиΑνατολή[21]врв на Каракамен на ИСИ од Трепишта (825 м)[22]
Балабан[22]ΜπαλαμπάνКакотопосΚακότοπος[21]месност на СИ од Трепишта[22]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 936[3] 835[3] 909[3] 838[3] 928[3] 791[3] 810 527 434
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Бидејќи лежи сред поле, има мошне плодна почва, населението е богато и се занимава со земјоделство. Главни производи се жито, тутун и други земјоделски производи, додека сточарството поради ограничените пасишта е послабо развиено.

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 1 2 3 4 5 6 7 8 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 302. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 301. ISBN 9989-9819-5-7.
  5. История на Агиос Христофорос Архивирано на 27 септември 2007 г..
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 164.
  7. 1 2 3 4 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Шоповъ, А (1893). Изъ живота и положението на българитѣ въ вилаетите (PDF). Пловдивъ: Търговска Печатница. стр. 230.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 61.
  11. Грчкиот извор тенденциозно ги нарекува „Грци“.
  12. Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 512, ISBN 9789601212951 Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
  13. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (состав.) (1995). Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век. Нови документи. София: Македонски научен институт. стр. 46. ISBN 9548187132.
  14. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 178–179.
  15. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 23.
  16. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30
  17. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30
  18. Нарекувајќи ги „бугаројазични“ согласно грчката политика на негирање на македонскиот идентитет.
  19. Даскалов, Георги (1996). Българите в Егейска Македония : мит или реалност. София: Македонски научен институт. стр. 235. ISBN 9789548187275.
  20. 1 2 Édhessa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Архивирано од изворникот на 2023-03-15. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University" ignored (help)
  21. 1 2 3 4 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1051. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  22. 1 2 3 4 5 6 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]