Топчилар
Топчилар Άγιος Δημήτριος | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°25′N 21°56′E / 40.417° СГШ; 21.933° ИГДКоординати: 40°25′N 21°56′E / 40.417° СГШ; 21.933° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански Округ |
Општина | Општина Кожани |
Општ. единица | Хелеспонт |
Надм. вис. | 780 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 830 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Топчилар (грчки: Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос), до 1927 година (грчки: Τοπτσιλάρ, Топцилар) [2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 830 жители.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа североисточно од Кожани, на југозападните падини на планината Каракамен (Вермио).
Историја[уреди | уреди извор]
За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Топчилар е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Топцилари живееле 750 Турци.[3]
Во Грција[уреди | уреди извор]
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Топчилар станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Топчилар има 846 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 239 семејства и 884 жители бегалци.[5]
Во 1927 година името на селото е променето во Агиос Димитриос.
Демографија[уреди | уреди извор]
Пописи[уреди | уреди извор]
Движењето на населението по години е следното[6]:
- 1913 – 846 жители
- 1920 – 852 жители
- 1928 – 850 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.375 | 1.247 | 1.376 | 946 | 985 | 1.034 | 1.077 | 830 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението во селото произведува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τοπτσιλάρ -- Άγιος Δημήτριος
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 327.
|