Рамна (Кожанско)
| Рамна Ρύμνιο | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°8′N 21°52′E / 40.133°N 21.867°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Западна Македонија |
| Округ | Кожански |
| Општина | Кожани |
| Општ. единица | Калјани |
| Надм. вис. | 330 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 115 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рамна (грчки: Ρύμνιο, Римнио) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 115 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа околу 26 км југоисточно од градот Кожани и 16 км југозападно од Серфиџе, на десната страна на реката Бистрица, во близина на Витивјанското Езеро, на надморска височина од 330 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Според османлиски дефтер од 1528 г. во Рамна имало 62 домаќинства со 279 жители.[3]
Во XIX век Рамна било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Римнос е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 13 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Римнио (Ρύμνιο) живееле 70 Грци христијани.[5] Во 1910 г. Атанасиос Халкиопулос напишал дека во селото Рамна има 70 Грци.[6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 60 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 64 лица. Во 1924 г. по потпишувањето на Лозанскиот договор во селото се населиле 37 семејства (вкупно 136 бегалци), така што селото станало мешана населба.[2]
| Име | Име | Ново име | Ново име[7] | Опис[8] |
|---|---|---|---|---|
| Чаири | Τσαΐρια | Керамидија | Κεραμίδια | шума на ЈЗ од Рамна |
| Карамачук | Καραματσούκι | Илиос | Ήλιος |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото е прилично богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини. Населението произведува жито, тутун, пченка, компири и други земјоделски производи, а делумно развиено е икраварството.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 294 | 285 | 362 | 297 | 257 | 278 | 221 | 161 | 115 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1931 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 12 квадратни километри.[2] Општината Рамна била приклучена во општината Калјани во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани.
Селото припаѓа на општинската единица Калјани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рамна, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во XVI век
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 3 4 5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 324.
- ↑ Τσότσος, Γεώργιος. Πληθυσμιακές μεταβολές στους οικισμούς της περιοχής Κοζάνης-Σερβίων από το 1528 στο 1913 (грчки). Κοζάνη: Εταιρεία Δυτικομακεδονικών Μελετών. стр. 95. Посетено на 19 јуни 2025.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 60.
- ↑ Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 516, ISBN 9789601212951 Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=(help) - ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία: εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι, 1910, σ. 107-108.
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1053. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
| ||||||||||||||||||||||||||||||