Бахче Ловаси
Бахче Ловаси | |
---|---|
Село | |
Координати: 40°20′35″N 21°40′31″E / 40.34306° СГШ; 21.67528° ИГД | |
Држава | Грција |
Област | Западна Македонија |
Општина | Кожани |
Надм. вис. | 750 м |
Население (2011) | |
• Вкупно | 114 |
Демоним | Бахчеловасиец/јка |
Бахче Ловаси (грчки: Κηπάρι; катаревуса: Κηπάριον, Кипарион, до 1927 година Μπακτσέ Λόβασι, Бакце Ловаси) - село во Грција, во Општина Кожани, област Западна Македонија, односно Егејскиот дел на Македонија. Во 2011 година во Бахче Ловаси биле регистрирани 39 луѓе.
Географија
[уреди | уреди извор]Бахче Ловаси е расположено на 12 километри западно од Кожани, на источните падини на Сињак.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век Бахче Ловаси било етничко турско село во Османлиската Империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Бахчели (Бахчелери), Кожанска каза, има 212 Турци. Според грчкото конзулство во Еласона во 1904 година во Бахѕеловаси (Μπαχτζελόβασι) живееле 110 Турци.[1][2]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегле грчки единици и после Втората балканска војна во 1913 година останало под Грција. Во 1913 година селото имало 100 жители. Во 20-тите години населението се иселило во Турција и на негово место биле доведени христијански бегалци од Турција. Во 1928 година селото било целосно бегалско со 24 семејства и 104 жители бегалци.[3][4]
Во 1927 името на селото било сменето во Кипари.
Во 2001 година во Бахче Ловаси биле регистрирани 68 луѓе.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 279.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία., Архивирано од изворникот на 31 јули 2012, Посетено на 23 февруари 2021
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 23 февруари 2021
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπακτσέ Λόβασι -- Κηπάρι
|