Баракли (Кајларско)

Координати: 40°20′35″N 21°47′29″E / 40.34306° СГШ; 21.79139° ИГД / 40.34306; 21.79139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Баракли
Село
Баракли is located in Грција
Баракли
Баракли
Координати: 40°20′35″N 21°47′29″E / 40.34306° СГШ; 21.79139° ИГД / 40.34306; 21.79139
ДржаваГрција
ОбластЗападна Македонија
ОпштинаКожани
Надм. вис.&10000000000000820000000820 м
Население (2011)
 • Вкупно114
ДемонимБараклиец/јка

Баракли или Бајракли (грчки: Εξοχή, до 1928 Μπαρακλή, Баракли) - село во Грција, Општина Кожани, областа Западна Македонија. Во 2011 година во Баракли биле регистрирани 114 луѓе.

Географија[уреди | уреди извор]

Баракли е расположено на североисточно од Кожани, на западните падини на Каракамен.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Баракли било етничко турско село во Османската Империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Бајракли, Кајларска каза, има 300 Турци. Според грчкото конзулство во Еласона во 1904 година во Баракли (Μπαρακλή) живееле 250 Турци.[1][2]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегле грчки единици и после Втората балканска војна во 1913 година останало во Грција. Во 1913 година селото имало 280 жители. Во 20-тите години населението се иселило во Турција и на негово место биле населени христијански бегалци од Турција. Во 1928 година селото било целосно бегалско со 49 семејства и 216 жители бегалци.[3][4]

Во 1928 името на селото било променето на Ексохи.

Во 2001 година во Баракли биле регистрирани 104 луѓе.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 270.
  2. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
  3. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία., Архивирано од изворникот на 31 јули 2012, Посетено на 23 февруари 2021
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 23 февруари 2021
  5. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπαρακλή -- Εξοχή