Јукуз Ова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јукуз Ова
Σκάφη
Јукуз Ова is located in Грција
Јукуз Ова
Јукуз Ова
Местоположба во областа
Јукуз Ова is located in Кожани (општина)
Јукуз Ова
Местоположба на Јукуз Ова во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°25′N 21°56′E / 40.417° N; 21.933° E / 40.417; 21.933Координати: 40°25′N 21°56′E / 40.417° N; 21.933° E / 40.417; 21.933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански Округ
ОпштинаОпштина Кожани
Општ. единицаХелеспонт
Надм. вис.&10000000000000927000000927 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Јукуз Ова или Јуќуз Ова (грчки: Σκάφη, Скафи), до 1927 година (грчки: Οκιούζ Οβά, Јукуз Ова) [2]село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа источно од Кожани.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Јукуз Ова е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Јукуз Ова живееле 200 Турци.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Јукуз Ова станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Јукуз Ова има 225 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 41 семејства и 166 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Скафи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ιντέλοβα -- Σκάφη
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
  4. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928