Ќучук Текелер
Ќучук Текелер Ανατολή | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°13′N 21°54′E / 40.217°N 21.900°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Кожани |
Општ. единица | Елимеја |
Надм. вис. | 370 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 26 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. таб. | KZ |
Ќучук Текелер (грчки: Ανατολή, Анатоли, до 1955 г. Μικρόν Τεκελέρ, Микро Текелер[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 26 жители (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на источното подножје на планината Црвена Гора, околу 10 км од градот Кожани. Во близина на селото е Витивјанското Езеро, создадено во 1973 г. по изградбата на истоимената брана. Ќучук Текелер е сместен на надморска височина од 370 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Ќучук Текелер било грчко село во Кожанската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Ќучук Текелер живееле 162 Турци.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во истата година, населението броело 160 жители.[4]
Во 1955 г., името на Ќучук Текелер му било применувано во Анатоли.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението во селото произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 167 | 187 | 169 | 30 | 69 | 33 | 46 | 26 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Πανδέκτης: Mikron Tekeler -- Anatoli“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-02-24.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.47“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-02-24.
- ↑ 4,0 4,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 329.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|