Кахриманли
Кахирманли Κρεμαστή | |
---|---|
Координати: 40°22′N 21°57′E / 40.367°N 21.950°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански Округ |
Општина | Општина Кожани |
Општ. единица | Хелеспонт |
Надм. вис. | 570 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 92 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кахриманли, Кахирманли или Караманли (грчки: Κρεμαστή, Кремасти), до 1927 година (грчки: Καχηρμανλή, Καραμανλή, Кахирманли, Караманли)[2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 92 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа североисточно од Кожани, на еден километар источно од Искуплер, на самиот пат што од Кожани води за Бер.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век Кахирманли е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Караманли живееле 55 Турци.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Кахирманли станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Кахирманли има 84 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 34 семејства и 146 жители бегалци.[5]
Во 1927 година името на селото е променето во Кремасти.
Демографија
[уреди | уреди извор]Пописи
[уреди | уреди извор]Движењето на населението по години е следното[6]:
- 1913 – 84 жители
- 1920 – 94 жители
- 1928 – 150 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 221 | 246 | 234 | 132 | 141 | 113 | 114 | 92 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καχηρμανλή -- Κοίλα
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 315.
|