Мала Ваница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мала Ваница
Κάτω Κώμη
Мала Ваница is located in Грција
Мала Ваница
Мала Ваница
Местоположба во областа
Мала Ваница во рамките на Кожани (општина)
Мала Ваница
Местоположба на Мала Ваница во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°12.587′N 21°50.598′E / 40.209783° СГШ; 21.843300° ИГД / 40.209783; 21.843300Координати: 40°12.587′N 21°50.598′E / 40.209783° СГШ; 21.843300° ИГД / 40.209783; 21.843300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаКожани
Општ. единицаЕлимеја
Надм. вис.&10000000000000400000000400 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно288
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.KZ

Мала Ваница или Мала Ванча (грчки: Κάτω Κώμη, Като Коми; до 1927 г. Κάτω Βάνιτσα, Като Ваница[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 288 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на источното подножје на планината Црвена Гора, околу 10 км од градот Кожани. Во близина на селото е Витивјанското Езеро, создадено во 1973 г. по изградбата на истоимената брана. Мала Ваница е сместенa на надморска височина од 400 метри.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Мала Ваница било грчко село во Кожанската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Мала Ваница живееле 109 Грци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Мала Ваница (Vancha Malo) живееле 140 Грци.[5]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1927 г., името на Мала Ваница му било применувано во Като Коми.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, Поради ограничените пасишта, сточарството е слабо развиено.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 369 438 505 390 355 389 348 288
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1920 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 8 квадратни километри.[3] Општината Мала Ваница била приклучена во општината Елимија во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани.

Селото припаѓа на општинската единица Елимеја со седиште во селото Гоблица, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мала Ваница, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Πανδέκτης: Kato Vanitsa -- Kato Komi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-01-01.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 319.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.47“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-01-01.
  5. Мишев, Димитар (1905). „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ (PDF).