Хашлар
Хашлар Σταυρωτή | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°13′N 21°54′E / 40.217° СГШ; 21.900° ИГДКоординати: 40°13′N 21°54′E / 40.217° СГШ; 21.900° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански Округ |
Општина | Општина Кожани |
Општ. единица | Хелеспонт |
Надм. вис. | 350 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 27 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Хашлар или Хашилар (грчки: Σταυρωτή, Ставроти), до 1928 година (грчки: Χασιλάρ, Хасилар) [2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 27 жители.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 17 км јужно од Кожани.
Историја[уреди | уреди извор]
За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Хашлар е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Хасилари живееле 250 Турци.[3]
Во Грција[уреди | уреди извор]
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Хашлар станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Хашлар има 196 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 52 семејства и 239 жители бегалци.[5]
Во 1928 година името на селото е променето во Ставроти.
Демографија[уреди | уреди извор]
Пописи[уреди | уреди извор]
Движењето на населението по години е следното[6]:
- 1913 – 196 жители
- 1920 – 205 жители
- 1928 – 192 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 211 | 187 | 209 | 145 | 985 | 92 | 72 | 27 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението во селото произведува, жито, тутун и други земјоделски производи.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χασιλάρ -- Σταυρωτή
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 330.
|