Илесли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Илесли (Лесли)
Οινόη
Илесли (Лесли) се наоѓа во Грција
Илесли (Лесли)
Координати: 40°19′ СГШ 21°55′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Кожански Округ
Општина Општина Кожани
Надм. вис. 760 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 111
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Илесли (грчки: Οινόη, Инои), до 1927 година (грчки: Ιλεσλή, Илесли) [2]) – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 111 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 10 км источно од Кожани.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Илесли е турско село во Кожанската Каза на Османлиската Империја. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Лесли (Λεσλή) живееле 330 Турци.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пичуѓа станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Илесли има 410 жители.[4] Во 1920-тите години населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 94 семејства и 384 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Инои.

Демографија[уреди | уреди извор]

Пописи[уреди | уреди извор]

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 – 410 жители
  • 1920 – 427 жители
  • 1928 – 384 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 501 435 405 203 180 198 156 111
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Економија[уреди | уреди извор]

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]