Киримзиќој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киримзиќој
Κοκκιναράς
Киримзиќој is located in Грција
Киримзиќој
Киримзиќој
Местоположба во областа
Киримзиќој во рамките на Кожани (општина)
Киримзиќој
Местоположба на Киримзиќој во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°19′N 21°40′E / 40.317° СГШ; 21.667° ИГД / 40.317; 21.667Координати: 40°19′N 21°40′E / 40.317° СГШ; 21.667° ИГД / 40.317; 21.667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански Округ
ОпштинаОпштина Кожани
Надм. вис.&10000000000000720000000720 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно12
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Киримзиќиој или Кирмези Ќој (грчки: Κοκκιναράς, Кокинарас), до 1927 година (грчки: Кърмъзи кьой, Кирмези Ќој) [2]) – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 12 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 12 км северозападно од Кожани, помалку од 2 км од Деделер.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Киримзиќој е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Керирзиќој (Κεριρζήκιοι) живееле 75 Турци.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Џиџилер станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Џиџилер има 62 жители.[4] Во 1920-тите години населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 13 семејства и 48 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Кокинарас.

Демографија[уреди | уреди извор]

Пописи[уреди | уреди извор]

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 – 62 жители
  • 1920 – 85 жители
  • 1928 – 54 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 77 89 87 54 50 48 20 12
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιρμιζή Κιόι -- Κοκκιναράς
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
  4. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 316.