Прејди на содржината

Џума (Кајларско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џума
Χαραυγή
Џума is located in Грција
Џума
Џума
Местоположба во областа
Џума во рамките на Кожани (општина)
Џума
Местоположба на Џума во општината Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°26.31′N 21°50.27′E / 40.43850°N 21.83783°E / 40.43850; 21.83783
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожани
ОпштинаКожани
Општ. единицаХелеспонт
Надм. вис.&10000000000000732000000732 м
Население (2011)[1]
  Вкупно6
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Џума или Џумаја (грчки: Χαραυγή, Харавги, до 1961 г. Αμύγδαλα, Амигдала,[2] до 1928 Τζουμά, Ѕума[3]) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ на областа Западна Македонија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото наоѓа во рамницата Сариѓол, во западното подножје на планината Каракамен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Османлиско време

[уреди | уреди извор]

Своревемено Џума била најголема населба во Кајларската каза и нејзино седиште. Кога Сариѓолското Блато почнало да се прошитува, се појавила маларија и седиштето е префрлено во Кајлари, поради што тоа почнало да расте повеќе.[4]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џумаја (Djoumaya) било село во Џумалиската каза со 600 домаќинства од 1180 жители муслимани.[5]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џума:

На половина час на запад одовде [Бајракли] се наоѓа муслиманското село Џума, поделено на два дела, од кој едниот е во шумовита месност, а другиот во рамницата. Во него има 36 куќи и 105 нуфузи, кои плаќаат 3800 пјастри данок. Во селото има 2 џамии и неколку извори со добра вода. Близу до селото во петок се одржува пазар.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Џумаја е турско село в Кајлярската каза со 850 жители Турци.[7]

Според грчка статистика од 1904 г. во Џума (Τζουμά) живеат 700 Турци.[8]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1920-тите години турското население е иселено и на негово место се грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, сочинето од 299 семејства на 1256 грчки доселеници.[9] Истата 1928 г. селото е преименувано во Амигдала, а во 1961 г. во Харавги. Подоцна е преместено и почнува да се нарекува Нова Џума (Неја Харавги). Старото село Џума во 2011 година се води со 6 жители.

Места во заедницата Џума преименувани со службен указ на 31 јули 1969 година
ИмеИмеНово имеНово имеОпис
Трипан Чаир[10]Τρυπάν ΤσαΐρЛивадиΛιβάδι[11]месност на ЈЗ од Џума[10]
СелмеΣελμὲВриси КардијасΒρύση Καρδιάς[11]
БејкаΜπέηκαКато СиникијаΚάτω Συνοικία[11]
ТрапΤράπАмбелијаΆμπέλια[11]
Грумуради[10]ΓκρουμουράδιРемаΡέμα[11]река на СИ од Џума[10]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Џума
Други
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 303. ISBN 9989-9819-5-7.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 98–99. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 165.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
  8. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
  10. 1 2 3 4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  11. 1 2 3 4 5 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1052. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 67. ISBN 954-9800-52-0.