Авдела
Абдела Αβδέλλα | |
---|---|
Панорама на Абдела | |
Координати: 40°01′N 21°08′E / 40.017° СГШ; 21.133° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најг. вис. | 1.350 м |
Најм. вис. | 1.250 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 280 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 510 32 |
Повик. бр. | 24620 |
Рег. таб. | ΡΝ |
Абдела или Авдела — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција[2]. Познато е како родно место на браќата Манаки.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 40 километри југозападно од градот Гребен на 1.300 м надморска височина на планината Пинд. Во близина е границата на националниот парк „Пинд“.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Пред 1800 година селотое припаѓа на месноста Фадинес, но се преместува на денешното место, кое има подобра клима.[2] Населението претежно се состои од големи семејства на влашки овчари.[2] Селаните имале одредена автономија , но тие привилегии се изгубени во времето на Али-паша Јанински.[2]
Пред 1880 година Апостол Маргарит во Абдела отвора романско училиште.[3] Според други извори училиштето е отворено уште во 1867 година.[2][4]
Во 1900 година според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Абдела (Авела) има 1 500 жители-Власи.[5] Според грчката статистика од 1904 година во Абдела живеат 1.700 влахофони, од кои 400 се Романци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Авдела се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 241 куќа.[7]
Поради силното влијание на романската пропаганда во текот на месец октомври 1905 година Абдела е нападната од грчка андартска чета[2] при што селото е срамнето со земја, биле изгорени 133 куќи, 8 дуќани, црквата и училиштето.[8][9] Во текот на месец мај 1906 година 60 семејства, се преселуваат од Гребен во Абдела под заштита на турската војска, но биле нападнати од грчки андарти, при што биле убиени 4 Власи и 10 Турци.[10]
Црквата на сретсело „Успение Богородично“ кој изгорела во 1905 година, одново е изградена во 1955 година.[11]
Грчка окупација
[уреди | уреди извор]За време на Балканската војна во 1912 година в селото влегуваат грчки војски и за време на Втората балканска војна во 1913 година Абдела останува дел на Грција.
На 14 јуни 1944 година селото е запалено од страна ан германските војски.[2]
На сретсело се наоѓа споменик на Браќата Манаки кои се родени во ова село.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението во селото претежно се занимавало со сточарство и сточарски производи.
Демографија
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 424 | 6 | 2 | 4 | 360 | 130 | 448 | 280 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Браќа Манаки - првите сниматели на Балканот,
- Неофит II Сисаниски, Сисаниски митрополит од 1792 до 1811 година,
- Јеромонасите Аверкиј (1806 - ?), Димитрие Абелјану (? - 1933), Константин Кајрети, Николае Папахаџи (? - 1931), Перикле Чивика и Апостол Маргарит (1832 - 1903)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 „Αβδέλλα“. Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών. 2015-01-19. Архивирано од изворникот на 2015-01-19. Посетено на 2016-02-22.
- ↑ Спомени на Д. Атанасеску, публикувани в сп. "Lumina", от октомври 1905 г., бл. 10, с. 319-330, во: Ласку, Стојка. Од историјата на ароманскиот печат во Македонија. Списанијата "Братство" и "Светлина", Скопје 2007, с. 122.
- ↑ Lascu Stoica (2015-01-19). „EVENIMENTELE DIN IULIE-AUGUST 1917 ÎN REGIUNEA MUNŢILOR PIND – ÎNCERCARE DE CREARE A UNEI STATALITĂŢI A AROMÂNILOR. DOCUMENTE INEDITE ŞI MĂRTURII. STUDIU ISTORIOGRAFIC ŞI ARHIVISTIC“. Armânlu. Архивирано од изворникот на 2015-01-19. Посетено на 2016-02-22.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 276.
- ↑ Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 73.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 264.
- ↑ Η Αβδέλλα στις αρχές του αιώνα
- ↑ Motta, Giuseppe. The Fight for Balkan Latinity. The Aromanians until World War I
- ↑ „Πληροφορίες τοπωνυμίου“. Greek tourism guide - GTP. 2015-01-05.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|