Самарина
Грамушта Σαμαρίνα | |
---|---|
![]() Поглед на Самарина од планината Смолика | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°06.26′N 21°01.08′E / 40.10433° СГШ; 21.01800° ИГДКоординати: 40°06.26′N 21°01.08′E / 40.10433° СГШ; 21.01800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Самарина |
Надм. вис. | 1.450 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 378 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 511 00 |
Повик. бр. | 24620 |
Самарина (грчки: Σαμαρίνα, влашки: Samarina) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 378 жители (2011), сите Власи.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа 50 км западно от градот Гребен, во источното подножје на планината Смолика во северен Пинд. Иако административно е дел од македонскиот Гребенски округ, Самарина лежи во долината на реката Војуша и географски припаѓа на Епир, а не на Македонија. Најблиски населени места се Фурка во општината Коница (Епир) на северозапад, Жужел во општината Нестрам (Костурско) на север преку планината Куркури и Филипишта (Гребенско). Самарина е най-високо разположеното селище в Гърция.
Со надморска височина од 1.450 м[2], Самарина е највисокото населено место во Егејска Македонија и цела Грција.
Историја[уреди | уреди извор]
Османлиско време[уреди | уреди извор]
Самарина заедно со Мечово и Авдела е традиционално меѓу најголемите влашки населби во денешна Грција.
За големината и значењето на селото сведочи фактот што жителите зеле големо учество во Грчката војна за независност. Познато е дека 120 самаринци учестуввале во пробивот при Опсада на Месолонги под команда на Михос Флорос.
Во црквата „Св. Илија“ стои натпис од 1828 г., а во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 1829 г. се споменува митрополитот Антим II Гребенски.[3]
Во XIX век Самарина била на удар на грчката пропаганда, но во селото работела и романската пропаганда, иако во помал степен отколку во Авдела. Во 1880 г. во Самарина е отворено романско училиште по залагање на Т. Шому.[4]. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самарина имала 2.600 жители, сите Власи.[5] Познато е дека бројката на К’нчов е премала, бидејќи грчката статистика за 1904 г. наведува 3.059 жители, кои ги нарекува влахофони, од кои 52 пороманчени.[6] без притоа да им ја признае етничката припадност.
Со Букурешки договор во 1913 г. Самарина е припоена кон грчката држава, кога имала дури 4.198 жители.[2] Како последица од Првата светска војна населението почнало силно да опаѓа. Во 1928 г. населението броело само 603 жители, но во 1940 г. успеало да се врати на 1.142 жители.[2]
Втора светска и Граѓанска војна[уреди | уреди извор]
Самарина за кратко била окупирана од Италијанците за време на Грчко-италијанската војна, но местото вистински настрадало по Втората светска и Граѓанската војна кога е наполно напуштена[2] и останала речиси празна сè до 1970-тите.[2]
Население[уреди | уреди извор]
По Граѓанската војна селото практично се испразнило и не почнало да се населува во поголема мера сè до 1970-тите. Оттогаш наваму, бројноста на жителите бележи пораст и повторен пад.
Жителите на Самарина денес ги има во разни краишта на светот, како и поголемите градски центри во Грција, каде водат организиран живот во здруженија и друштва.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1142 | 4 | 5 | 10 | 605 | 285 | 701 | 378 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото припаѓа на општинската единица Самарина со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Самарина, каде е единствено населено место.
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Самарина“ на Ризницата ? |
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 128–129.
- ↑ ΣΑΡΑΝΤΗΣ, ΘΕΟΔΩΡΟΣ Κ. Π (1987–1988). Τα Γρεβενά. (Συμβολή στην ιστορία τους) (PDF). „Μακεδονικά“, XXVI, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. стр. 281–282. Посетено на 2014-08-26.CS1-одржување: датумски формат (link)
- ↑ Ласку, Стојка. Од историјата на ароманскиот печат во Македонија. Списанијата "Братство" и "Светлина", Скопје 2007, с. 122
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.276
- ↑ Κωνσταντίνος Σπανός. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|