Вилија (село)
Вилија Οροπέδιο | |
---|---|
Координати: 40°07′N 21°19′E / 40.117°N 21.317°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најм. вис. | 850 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 110 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51100 |
Повик. бр. | 24620 |
Вилија или Вилја (грчки: Οροπέδιο) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 110 жители
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 14 километри северозападно од градот Гребен. Атарот на селото зафаќа површина од 17 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век Вилија е христијанско грчко село во северниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Вилија има 130 Грци христијани[2]
Главната селска црква „Свети Архангели“ датира од 1864 година.
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Вилија станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето во Оропедио.
Демографија
[уреди | уреди извор]Пописи
[уреди | уреди извор]Движењето на населениото по години е следното[3]:
- 1913 - 399 жители
- 1920 - 388 жители
- 1928 - 409 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 486 | 430 | 415 | 274 | 293 | 217 | 189 | 110 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 110.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|