Лунци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лунци
Καλλονή
Лунци is located in Грција
Лунци
Лунци
Местоположба во областа
Лунци во рамките на Гребен (општина)
Лунци
Местоположба на Лунци во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°9′N 21°12′E / 40.150° СГШ; 21.200° ИГД / 40.150; 21.200Координати: 40°9′N 21°12′E / 40.150° СГШ; 21.200° ИГД / 40.150; 21.200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаЧирак
Надм. вис.&100000000000010200000001.020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно6
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Лунци или Лунч (грчки: Καλλονή, Калони; до 1927 г. Λούντσι, Лунци[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 6 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу 20 км северозападно од градот Гребен, на надморска височина од 1.020 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1864 година.[4]

Во XIX век Лунци било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лунци живееле 180 Грци.[5]

Според грчката атинска статистика од 1910 година во Лунцион (Λούντσον) живееле 500 Грци христијани.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 503 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 391.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Калони (Καλλονή).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава со сточарството и шумарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 503 жители, во 1920 година со 391 жител, во 1928 година со 489, а во 1940 година со 431, во 1951 година со 152 жители, во 1961 година со 95, во 1971 година со 65, во 1981 година со 239, а во 1991 година со 208 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 431 152 95 65 239 208 171 6
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 7 квадратни километри.[3] Општината Лунци била приклучена во општината Чирак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.

Селото припаѓа на општинската единица Чирак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лунци, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Lountsi -- Kalloni“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 121–122.
  4. 4,0 4,1 „Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών“. Greveniotis.gr (грчки). 2012-09-06. Посетено на 2023-08-04.
  5. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
  6. „PDF pager“. anemi.lib.uoc.gr. Посетено на 2023-08-04.