Велони

Координати: 39°53′N 21°19′E / 39.883° СГШ; 21.317° ИГД / 39.883; 21.317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Велони
Βελόνη
Велони is located in Грција
Велони
Велони
Местоположба во областа
Велони во рамките на Гребен (општина)
Велони
Местоположба на Велони во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 39°53′N 21°19′E / 39.883° СГШ; 21.317° ИГД / 39.883; 21.317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаГорѓани
Надм. вис.&10000000000000880000000880 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Велони (грчки: Βελόνη) — раселено село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа северозападно од Балтино и југоисточно од Турија, на надморска височина од 880 метри, во североисточните пазуви на планината Хасија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Изгледа дека неговото население е од влашко потекло. Во пописот од 1913 година е забележано со 11 жители,[2] во 1920 година има 8, во 1928 година 47, а во 1940 година 33 жители. Бидејќи настрадало во времето на Втората светска војна и во граѓанската војна, во пописот од 1951 година се води како напуштена населба, додека во 1961 година е евидентирано со 15, а во 1971 година со само два житела. Во пописите од 1981 и 1991 година селото е без жители. Населението отсекогаш се занимавало со сточарство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Христов Симовски 1998, стр. 110.
  2. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.