Аспрокамб
Аспрокамб Ασπρόκαμπος | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°9′N 21°31′E / 40.150°N 21.517°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Гребен |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 80 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Аспрокамб (грчки: Ασπρόκαμπος, Аспрокампос) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 80 жители (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е оддалечено околу 13 км североисточно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 600 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Аспрокамб било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Аспрокамб живееле 110 Грци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Аспрокамбо се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 8 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Аспрокамб живееле 83 Грци христијани.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 71 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 65.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото се важи за мошне богато бидејќи има плодни површини кои целосно се наводнуваат. Населението произведува од сѐ по малку. Внимание му се посветува и на краварството.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 71 жител, во 1920 година со 65 жители, во 1928 година со 121, во 1940 година со 148, во 1951 година со 161, во 1961 година со 202, во 1971 година со 152, во 1981 година со 149, а во 1991 година со 121 жители.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 148 | 161 | 202 | 152 | 149 | 121 | 121 | 80 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Гребен со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гоблар, во кој влегува и селото Гоблар.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 108.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 71.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
|