Романска пропаганда во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.
Бугарска пропаганда
Грчка пропаганда
Српска пропаганда
Католичка пропаганда
Протестантска пропаганда
Романска пропаганда
Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди

Романската пропаганда во Македонија започнала засилено да дејствување кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те години на 19 век. Оваа пропаганда дејствувала првенствено меѓу Власите во Македонија и затоа дошла во судир со грчката пропаганда, а од друга страна пак романската пропаганда преку своето делување во Македонија вршела притисок врз Бугарија за да добие територијални отстапки во Добруџа. Романската пропаганда не го загрозувала македонскиот индивидуалитет и отука таа не била пречка за учество на Власите во Македонското нациооналноослободително движење [1].

Дејност[уреди | уреди извор]

Дејността на романската пропаганда во Македонија претежно била насочена кон влашкото население и започнала со формирањето на Македо-романскиот комитет во Букурешт во 1860 година [2]. Романската пропаганда во почетокот била ориентирана кон отворање училишта.

Првото училиште на романски јазик во Македонија било отворено во 1864 година. Апостол Маргарит бил главниот претставник на оваа пропаганда.

Малку подоцна во Букурешт било формирано Македоно-романско културно друштво за ширење на романската пропаганда (1879). Романската влада отворила конзулати во Солун и во Битола, кои ги координирале активностите на пропагандата.

Романската пропаганда се судрила со грчката пропаганда, која Власите ги сметала за Грци. Со акт на султанот во 1905 година, Власите во османлиската држава биле признаени како посебна романска заедница[2].

Романската просветна пропаганда[уреди | уреди извор]

Во 1889 година во Солун, романската пропаганда отворило средното трговско училиште, со оваа училиште сите влашки трговци имале свои врски. Во учебната 1900/01 година во Гевгелија со посредство на Македонско - романското друштво било отворено училиште.

Споменатото друштво било задолжено да го снабдува ова училиште како и другите со учебни помагала, додека романската влада ги снабдувала учителите со плати.

Во 1905 година, романската пропаганада отворила училиште во селото Долни Порој - Демихисарско, а кон крајот на годината биле испратени еден учител и една учителка во Сер. поголеми услови за засилување на романската пропагнда се созале со султановиот ферман од 23 мај 1905 година кога во Отоманската империја била призната влашката народнос и Власите добиле право да имаат свој Црковно - просветни општини.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет
  2. 2,0 2,1 Тодоровска, Катерина (2002). Скопје: Македо-романско друштво за култура.