Венетик
| Венетик | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Бистрица, кај с. Раци, Гребенско |
| Особености на сливот | |
Венетик (грчки: Βενέτικος, Венетикос) — река во Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.
Извира од планината Смолика над с. Авдела, Гребенско и тече на исток. Ја образува впечатливата клисура Портица, па на крај се влева во Бистрица кај с. Раци, Гребенско. Реката е погодна за сплаварење и кајакарење.[1][2]
Мостови
[уреди | уреди извор]Реката е позната по своите стари турски камени мостови. Во минатото имала 19 моста, од кои највеќето се зачувани.[3] Најпознати се Азизагиниот мост кај с. Залово и Портичкиот мост кај с. Спилио. Азизагиниот е најголемиот грбав мост во Македонија и втор во денешна Грција, по оној кај Плака на р. Арахтос, Епир. Изграден е во 1727 г. по нарачка на Азиз-ага.[4] Портичкиот мост се наоѓа на влезот на истоимената клисура. Изграден е во 1743 г. и долг е 13 метри.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Венетик матен
- Венетик зиме
- Венетик кај с. Месолово
- Водопад кај с. Месолово
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Γρεβενά, Βενέτικος“. Архивирано од изворникот на 2011-09-23. Посетено на 2016-01-07.
- ↑ „Νομός Γρεβενών, παραπόταμοι Αλιάκμονα“. Архивирано од изворникот на 2011-06-30. Посетено на 2016-01-07.
- ↑ Λύκειο Αγίων Αναργύρων, περιβαλλοντική εργασία[мртва врска] Γεφύρια του Βενέτικου
- ↑ „Νομός Γρεβενών, Γεφύρι Αζίζ Αγά“. Архивирано од изворникот на 2011-09-18. Посетено на 2016-01-07.
- ↑ „Νομός Γρεβενών, Γεφύρι Πορτίτσας“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2016-01-07.
| ||||||||||||
