Стара Река (Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара Река
Σταρα ρέκα / Ξηροπόταμος
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКостурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоЦуцулец
 • координати40°36′38″ N; 21°24′52″ E / 40.6106° СГШ; 21.4144° ИГД / 40.6106; 21.4144
 • надм. вис.1.520 м
Устие 
 • место
Костурско Езеро
 • координати
40°31′08″ N; 21°18′34″ E / 40.5190° СГШ; 21.3095° ИГД / 40.5190; 21.3095Координати: 40°31′08″ N; 21°18′34″ E / 40.5190° СГШ; 21.3095° ИГД / 40.5190; 21.3095
Должина17,7 км
Големина на сливот113,4 км2
Проток 
 • просечен854 л/сек
Особености на сливот
Притоки 
 • левиБела Вода, Света Недела, Рот, Даули, Горенска Река
 • десниОлицка Река, Дива Череша

Стара Река или Сува Река[1] (грчки: Σταρα ρέκα или Ξηροπόταμος, Ксиропотамос) — река во Костурско, Егејска Македонија. Претставуванајважен дотек на Костурското Езеро, во кое се влева над селото Маврово. Во минатото била одговорна за заблатување на подрачјето.

Слив[уреди | уреди извор]

Сливот на Стара Река зафаќа површина од 113,4 км2, чија највисока точка достигнува 1.600 м. Реката е долга 17,7 км. Средниот проток изнесува 854 л/сек и 1.437 л/сек за време на врнежи.[2] Од деветте реки кои се влеваат во Костурското Езеро, Стара Река е најголемата и го опфаќа поголемиот дел од источниот дел на неговиот слив. Приливот на вода од Стара Река е од големо значење за езерото како негов главен извор на вода со среден годишен дотур од 350 л/сек, но и поради изобилството од наносем материјал кој го внесува во него.[3]

Реката извира северно под врвот Цуцулец (1.470 м) и тече во јужен правец. Ја прима левата притока Бела Вода или Дапчова Река[1] (Аспронери) која извира под врвот Слива (1.434 м). Потоа ја прима и левата притока Света Недела (Агија Киријаки). Свртува на запад, каде ја прима големата десна притока Олицка Река или Јазо, која се образува над Олишта од неколку потоци што извираат под врвовите Голина (1.861 м), Србинов Камен (1.375 м) и Чука (1.567 м) со јужен правец, како и од потокот Пострап (Мелисорема) со источен правец.[4] Реката повторно се насочува јужно и ја прима левата притока Рот (Рема Василијадас) која се образува под Загоричани од Суха Река, наречена и Селска Река,[5] која минува низ Загоричани и реката Дива Череша (Рема Агриокерасијас).[6] Потоа кај Б’мбоки (Ставропотамос) Стара Река ја прима левата притока Даули (Котури), чии пак притоки се Бобишка Река и Дуца. По Б’мбоки реката постепено прави 90-степено свртување на запад крај врвот Кајнак (1.136 м), ја прима Горенска Река од југ и се влева во Костурското Езеро меѓу селата Личишта од север и Маврово од југ.[3][4]

→ лева притока, ← десна притока

  • → Бела Вода (Дапчова Река)
  • → Света Недела
  • ← Олицка Река
    • ← Пострап
  • → Рот
    • → Суха Река
    • ← Дива Череша
  • → Даули
    • → Дуца
    • ← Бобишка Река
  • → Горенска Река

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Гласник на Институтот за национална историја, Том 49, Броеви 1–2, Скопје, 1984, с. 425.
  2. Παναγιώτου, Ιωάννας (Ιούλιος 2012). Λιμναία Οικοσυστήματα: Γεωμορφολογική & Οικολογική Χαρτογράφηση Της Λίμνης Της Καστοριάς (грчки). Αθήνα: Χαροκόπειο Πανεπιστήμιο. стр. 27. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. 3,0 3,1 Παυλόπουλος, Κοσμάς, Αθανάσιος Σκέντος, Χρυσάνθη Κοταμπάση (2009). „Γεωμορφολογική χαρτογράφηση και μελέτη της ευρύτερης περιοχής Δισπηλιού – λίμνης Καστοριάς“. Ανάσκαμμα. Ανασκαφικό περιοδικό. Θεσσαλονίκη: Χουρμουζιάδης, Γιώργος Χαρ., 1935-2013. 3: 110. ISSN 01792-8729. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  4. 4,0 4,1 Flórina GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  5. Клинчаров, Иван (1926). Димитър Благоев. История на неговия живот. Печатница „Земеделско знаме“. стр. 16.
  6. „Διατάγματα. Β. Διαταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)