Ѓолаја
| Ѓолаја Δοϊράνη | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Земји | Грција |
| Крај | Дојранско и Кукушко, Егејска Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Дојранско Езеро кај Дојран |
| • координати | 41°10′48″N 22°45′41″E / 41.1801°N 22.7615°E |
| Устие | |
• место | Вардар кај Вардаровци |
• координати | 40°51′10″N 22°38′21″E / 40.8527°N 22.6392°E |
| Особености на сливот | |
Ѓолаја или Арџан (грчки: Δοϊράνη, Дојрани, Αρτζάν, Арѕан, Αγιάκι, Ајаки) — река во Дојранско и Кукушко, Егејска Македонија.[1][1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Реката е единствениот истек на Дојранското Езеро. Името и доаѓа од турскиот поим ѓол, што значи „езеро“. Излегува од јужниот крај на езерото, кај селото Дојран. Тече на југ и минава низ Владајската Клисура источно од селото Владаја. Проаѓа источно од Крондирци и Хрсово, западно од Новоселјани, па ја прима големата лева притока Кара Су и нагло свртува на запад. Под името Арџан минува северно од Маловци, јужно од Мијалово и свртува на југ. Тука по течението на реката во минатото биле последователно сместени блатата Арџанско и Аматовско Езеро, пресушени во 1928 – 1932 г. Арџанското Езеро на почетокот на XX век е претворено во вештачка акумулација.[2][3] По акумулацијата, реката влегува во регулиран канал и се влева во Вардар како негова лева притока јужно од Вардаровци.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Χρήστος ‘Ιντος (22 ноември 2015). „Τα εγκαίνια αποξήρανσης των λιμνών Αρτζάν-Αματόβου από τον Ελ.Βενιζέλο το 1929“. maxitis.gr.
- ↑ „Η ληστεία της Φαουντέσιον“. Χρονοντούλαπο. 9 декември 2012. Посетено на 30 септември 2022.
