Дојран (Егејска Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дојран
Δοϊράνη
Бротанскиот споменик од I светска војна
Бротанскиот споменик од I светска војна
Дојран is located in Грција
Дојран
Дојран
Местоположба во областа
Дојран is located in Кукуш (општина)
Дојран
Местоположба на Дојран во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°10.40′N 22°45.40′E / 41.17333° СГШ; 22.75667° ИГД / 41.17333; 22.75667Координати: 41°10.40′N 22°45.40′E / 41.17333° СГШ; 22.75667° ИГД / 41.17333; 22.75667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаДојран
Надм. вис.&10000000000000147000000147 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно83
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.610 03
Повик. бр.23410-9
Рег. таб.ΚΙ

Дојран (грчки: Δοϊράνη, Дојрани) — село во северниот дел на централна Егејска Македонија, во рамките на Општина Кукуш. Има 83 жители (2011).

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Дојранската Котлина, на неколку километри јужно од градот Кукуш. Селото е сместено на јужниот брег на Дојранско Езеро|Дојранското Езеро, на местото на железничката станица на некогашниот град Дојран, разрушен во Прва светска војна. Денес Дојран е на самата граница со Република Македонија и има граничен премин. Над него има огромен споменик на загинатите британски војници во Првата светска војна.

Историја[уреди | уреди извор]

Со припојувањето на железничката станица Дојран кон Грција по Втората балканска војна, во пописот од 1913 година, Дојран е означено како село, но без жители. За време на Првата светска војна доаѓаат првите доселеници, претежно од градот Дојран, кој останал во Вардарска Македонија (тогаш дел од Кралството Србија).

Демографија[уреди | уреди извор]

Во почетокот кога била изградена населбата, во неа живееле македонски семејства под Цариградската патријаршија од градот Дојран, додека подоцна се населиле и грчки бегалци. Така, според пописот од 1920 година, во селото живееле 108 жители, додека според пописот од 1928 година живееле 202 жители од кои 73 (15 семејства) грчки доселеници од Турција и Бугарија.[2].

Во 1940 година селото броело 229 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 244 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 237 жители, во 1971 година имало 179 жители, во 1981 година имало 150 жители, додека во 1991 година имало 151 жител. Денеска, населението на селото е 183 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 229 244 237 179 150 151 183 83
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Економија[уреди | уреди извор]

Денес жителите на селото се занимаваат претежно со туризам и рибарство.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]