Бела Црква (Кукушко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела Црква
Κολχίδα
Бела Црква is located in Грција
Бела Црква
Бела Црква
Местоположба во областа
Бела Црква во рамките на Кукуш (општина)
Бела Црква
Местоположба на Бела Црква во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°56′N 22°53′E / 40.933° СГШ; 22.883° ИГД / 40.933; 22.883Координати: 40°56′N 22°53′E / 40.933° СГШ; 22.883° ИГД / 40.933; 22.883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000151000000151 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно81
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Бела Црква (грчки: Κολχίδα, Колхида, до 1927 Ακτσέ Κλισέ, Акце Клисе)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 5 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 151 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бела Црква се состоело од 25 семејства, од кои 12 Роми и 106 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Бела Црква имало 12 Роми и 24 Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 Власи и 104 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било напуштено, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 73 жители.

Во 1927 година, селото било преименувано во Микрокамбос.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 155 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 311 жители.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови. Селото во пописот од 1951 година броело 184 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 153 жители, во 1971 година имало 134 жители, во 1981 година имало 132 жители, додека во 1991 година имало 150 жители[9]. Денеска, населението на селото е 142 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 311 184 153 134 132 150 142 81
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Живоносен Извор — средновековен духовен комплекс во кој се наоѓа и денешната селска црква „Св. Јован“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Κολχίδα
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 68.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-06.