Кушево
Кушево Κοκκινιά | |
---|---|
Координати: 41°4′N 23°1′E / 41.067° СГШ; 23.017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 318 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 111 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кушево или Моланце (грчки: Κοκκινιά, Кокинија, до 1927 Κούσοβον, Кусовон)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 15 километри севеоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на западниот дел од планината Карадаг. Селото се наоѓа на надморска височина од 318 метри.
Кушево опфаќа површина од 23 квадратни километри[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кушево се состоело од 82 семејства и 340 жители Македонци и 45 муслимани[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кушево имало 240 жители Македонци[4], 200 Турци и 60 Роми[6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 280 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[3] како и во Бугарија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 340 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 335 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Кокинија.[8]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 249 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 420 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 179 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 212 жители, во 1971 година имало 162 жители, во 1981 година имало 143 жители, додека во 1991 година имало 114 жители[10]. Денеска, населението на селото е 111 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 179 | 212 | 162 | 143 | 114 | 111 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Кушево
- Атанас Кушували
- Гоце Наков (1889 - ?)[11]
- Дељо Танчев (1879 - ?)[12]
- Илияја Николов (1881/1882 - ?)[13]
- Насо Курт Наков (1892 - ?)[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Κοκκινιά
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 97.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-02.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 478.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 691.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 505.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 479.
|