Стрезово

Координати: 40°59′N 22°55′E / 40.983° СГШ; 22.917° ИГД / 40.983; 22.917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стрезово
Αργυρούπολη
Стрезово is located in Грција
Стрезово
Стрезово
Местоположба во областа
Стрезово во рамките на Кукуш (општина)
Стрезово
Местоположба на Стрезово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°59′N 22°55′E / 40.983° СГШ; 22.917° ИГД / 40.983; 22.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000169000000169 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно591
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Стрезово (грчки: Αργυρούπολη, Аргируполи, до 1927 Στρέζοβο, Стрезово)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 5 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 169 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Стрезово се состоело од 35 семејства и 163 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Стрезово имало 135 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 63 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 41 жител.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека македонското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Аргируполи.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 262 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 488 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 413 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1733 жители, во 1971 година имало 1432 жители, во 1981 година имало 924 жители, додека во 1991 година имало 477 жител[10]. Денеска, населението на селото е 591 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 488 413 1733 1432 924 477 591
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Стрезово
  • Насо Г. Мицев (1894 - ?)[11]
  • Трајко Митев [12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 117.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-08.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 464.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 448.