Ќосе Мурџели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ќосе Мурџели
Διβούνι
Ќосе Мурџели is located in Грција
Ќосе Мурџели
Ќосе Мурџели
Координати: 41°6′N 22°55′E / 41.100° СГШ; 22.917° ИГД / 41.100; 22.917Координати: 41°6′N 22°55′E / 41.100° СГШ; 22.917° ИГД / 41.100; 22.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000520000000520 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно78
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ќосе Мурџели (грчки: Διβούνι, Дивуни, до 1927 Κιοσέ Μουρτζαλή, Ќосе Мурџели)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 12 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 520 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ќосе Мурџели имало 45 жители муслимани[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 102 жители, додека во 1920 година 82 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[4]. Во 1927 година, селото било прекрстено во Дивуни.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]