Атли

Координати: 41°16′40″N 22°47′10″E / 41.2778° СГШ; 22.7861° ИГД / 41.2778; 22.7861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Атли
Καβαλλάρης
Атли is located in Грција
Атли
Атли
Координати: 41°16′40″N 22°47′10″E / 41.2778° СГШ; 22.7861° ИГД / 41.2778; 22.7861
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
Население
 • Вкупно79
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Атли (грчки: Καβαλλάρης, Каваларис, до 1927 Αατλή Атли)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 40 километри северно од градот Кукуш и на 2 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во јужното подножје на планината Беласица. Селото се наоѓа на надморска висина од 290 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Атли било турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 36 куќи и 82 муслимани.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото има 150 жители Турци и 84 Роми.[3]

По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Дел од населението побегнало во Бугарија и на негово место било населено грчко население. Во 1927 години селото било прекрстрно во Каваларис.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било бегалско со 70 семејства и 204 жители-бегалци.[4] додека во 1940 година селото броело 363 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото не се спомнува во пописот од 1951 година, додека во пописот од 1961 година, во селото живееле 113 жители, во 1971 година имало 44 жители, во 1981 година имало 15 жители, додека во 1991 година имало 71 жител. Денеска, населението на селото е 79 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 363 113 44 15 71 79
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αατλή - Καβαλλάρης
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.