Постолар
Постолар Απόστολοι | |
---|---|
Поглед на Средно Постолар | |
Координати: 40°54′N 22°46′E / 40.900° СГШ; 22.767° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 102 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.063 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Постолар (грчки: Απόστολοι, Апостоли, до 1926 Αποστολάρ, Апостолар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 9 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 102 метри.
Селото се наоѓа на дното на Солунското Поле и се состои од три маала: Горно Постолар (Άνω Απόστολοι, Ано Апостоли), Средно Постолар (Μέσοι Απόστολοι, Меси Апостоли) и Долно Постолар (Κάτω Απόστολοι, Като Апостоли). Горно Постолар е старата населба, додека останатите две биле изградени по 1924 година, кога во новите населби се населиле грчките бегалци од денешна Турција.
Историја
[уреди | уреди извор]Во античко време во близина на Горно Постолар се наоѓал старомакедонскиот град Морил.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Постолар се состоело од 56 семејства и 255 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Постолар имало 240 жители Македонци и 50 Роми[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 288 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Апостоли.[7]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 411 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 456 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 442 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 502 жители, во 1971 година имало 339 жители, во 1981 година имало 432 жители, додека во 1991 година имало 306 жител. Денеска, населението на селото е 1063 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 456 | 442 | 502 | 339 | 432 | 306 | — | 1063 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со земјоделство.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од XIX век, прогласена за споменик на културата
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Постолар
- Јордан Григоров (1892 - ?)[9]
- Коле Минев (1877 или 1892 - ?)[10]
- Костас Килтидис (p. 1956), грчки политичар
- Крсто Гогов (1870 - ?)[11]
- Милан Постоларски (? - 1944)
- Мино Иванов (1874 - ?)[12]
- Петре Дељов (1879 - ?)[13]
- Пета Велев (1877 - ?)[14]
- Петар Трајков (1883 - ?)[15]
- Теодорос Парастатидис (р. 1952), грчки политичар
- Христо Трајков Стамболиев[16]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 184.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 441 и 442.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 179.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 291.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 118.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 727.
- ↑ Г. Балкански, История на безвластническото движение в България (очерк), Париж, 1980 Архивирано на 30 декември 2013 г., преземено од http://anarhija.freediscussions.net/t110-topic Архивирано на 30 декември 2013 г. на 7.07.2012 г.
|