Фанарли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фанарли
Τριπόταμος
Фанарли is located in Грција
Фанарли
Фанарли
Местоположба во областа
Фанарли во рамките на Кукуш (општина)
Фанарли
Местоположба на Фанарли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°10′N 22°55′E / 41.167° СГШ; 22.917° ИГД / 41.167; 22.917Координати: 41°10′N 22°55′E / 41.167° СГШ; 22.917° ИГД / 41.167; 22.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000581000000581 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно23
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Фанарли (грчки: Τριπόταμος, Трипотамос, до 1927 Φαναρλή, Фанарли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 581 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фанарли се состоело од 7 семејства и 18 жители муслимани[3]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 137 жители, додека во 1920 година 95 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[4]. Во 1926 година, селото било преименувано во Трипотамос.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 85 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 135 жители. Селото во пописот од 1951 година поради Грчката граѓанска војна било напуштено, на пописот од 1961 година, во селото живееле 75 жители, во 1971 година имало 24 жители, во 1981 година имало 14 жители, додека во 1991 година имало 18 жител[7]. Денеска, населението на селото е 23 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 135 75 24 14 18 23
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Τριπόταμος
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 120–121.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-05.