Владаја
Владаја Γαλλικός | |
---|---|
Координати: 41°8′N 22°44′E / 41.133° СГШ; 22.733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 173 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 149 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 610 03 |
Владаја (грчки: Ακρίτας, Акритас; до 1926 г. Βλαδάγια, Владаја)[2] — село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 20 километри северозападно од градот Кукуш, на 3 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 173 метри.
Зафаќа површина од 41 км2.[3]
Полето на селото, наречено Владајско Поле, се наоѓа преку границата, во атарот на с. Сретеново, Општина Дојран.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владаја се состоела од 50 семејства и 264 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Владаја имало 150 жители Македонци[5][7].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 232 Македонци и работело егзархиско училиште[5][8].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Акритас.[9]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 293 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 522 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 417 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 381 жител, во 1971 година имало 328 жители, во 1981 година имало 253 жители, додека во 1991 година имало 263 жители. Денеска, населението на селото е 245 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 522 | 417 | 381 | 328 | 253 | 263 | 245 | 149 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- „Св. Ѓорѓи“ од 1884 г., прогласена за споменик на културата.[11]
- „Св. Антониј“ од 1888 г.[12]
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Владаја
- Ване Колев (1885 - ?)[13]
- Језекил Дервиски (р. 1938)
- Кирил Митев (? - 1913)[14]
- Свештеник Христов[15]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ Владајско Поле (8413583) — GeoNames
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ „Ακρίτα, Ι.Ν. Αγίου Αντωνίου“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 354.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 446.
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 99.
|